Пуља

Пуља

Држава

Италија

Регион

Пулија

Град

Кампомарино

Категорија

Септември

Ценовник

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена
09.09.2024 - 15.09.2024 Grand dei Cavalieri 4* 1 ноќевање со појадок + 5 полупансиони Двокреветна

1

Пуља е сместена на петата од италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е по одличното маслиново масло, вино, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејсажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.

2

Полињано а Маре 45 Є
Пешачки разглед на Алберобело 10 Є
3

4

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Тирана-Бари и Бриндизи-Тирана
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
Трансфери на релација Аеродром – Хотел и обратно, како и трансфер од едниот до другиот хотел
Сместување во Хотел Colle Del Sole 4* во Алберобело, ( 1 ноќевање со појадок )
Сместување во Хотел Grand Hotel dei Cavalieri 4* во Campomarino di Maruggio, ( 5 полупансиони )
Лежалки за плажата вклучени во цената
Организирани прошетки според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативни излети
Полињано а Маре 45 Є, со вклучен превоз
Пешачки разглед на Алберобело 10 Є
Влезници во музеите и културно историските споменици
Билети за јавен превоз
Патничко – здравствено осигурување

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

09. Септември (Понеделник) СКОПЈЕ – ТИРАНА – БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО
Состанок на групата на договореното место во 03:00 часот и трансфер до Аеродромот во Тирана. Полетување за Бари во 11:10 и слетување во 12:15 часот. Препорачуваме факултативна посета на
Полињано а Маре, за многумина едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља. Ова е една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи автентичноста и шармот. Каменитеулици, мирните плоштади и мистичните морски пештери даваат посебна магија. Во градот се наоѓа скулптура на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Патувањето продолжува до Алберобело. Сместување во хотелот. Ноќевање.

Ден 2

10. Септември (Вторник) АЛБЕРОБЕЛО – ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Сместување во хотелот. Шетајќи се низ Алберобело ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтично и единствено место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме да се изгубите во малите улички и да уживате во привлечниот свет на убавината. Организиран превоз до хотелот GRAND DEI CAVALIERI и сместување. Слободно време за уживање покрај море. Вечера. Ноќевање.

Ден 3

11. Септември ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

Ден 4

12. Септември ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

Ден 5

13. Септември ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

Ден 6

14. Септември ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

Ден 7

15. Септември (Недела) ХОТЕЛ – БРИНДИЗИ - ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Трансфер до Аеродромот во Бриндизи. Полетување за Тирана во 17:20, слетување во 18:15 часот и трансфер до Скопје.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0