За ова патување потребен е важечки биометриски пасош.
-Потребна е мулти виза за САД.
-За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници.
-Качувањето на бродот започнува три часа пред предвиденото време на поаѓање.
-Проширениот полн пансион на бродот вклучува појадок, ручек ( шведска маса ) и вечера ( сет мени ), како и меѓуоброци. Кафе, чај, вода и сокови од апарат кои се дел од шведската маса за појадок и ручек – не се плаќаат.
-За гала вечерите се очекува прикладна – свечена облека.
-За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%.
-Целосна уплата до 30 дена пред патувањето.
-Организаторот го гарантира типот на кабината на бродот – балконска кабина, но не и позоцијата на кабините на бродот (број на палуба, преден или заден дел од бродот).
-Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на компанијата MSC Cruises (Посебни услови за патување).
-Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цените на превоз, девизниот курс и слично, како и да го откаже патувањето доколку не е исполнет минималниот број на патници предвиден со оваа програма.
-Патничкото осигурување е задолжително.
-Секоја промена на програмата за патување од страна на самиот патник во текот на патувањето, со согласност на претставникот на агенцијата, не претставува промена во договорената програма.
-Организаторот на патувањето не е овластен да ја оценува исправноста на патните и другите документи на патниците.