04.12.2026 (петок) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата во 10.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Чешка во 11:00 часот (претпладне). Дневно и ноќно возење низ Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности.
05.12.2026 (сабота) ПРАГА
Пристигнување во Прага во претплaдневните часови. Следи разглед на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време со водичот собирање на групата и сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
06.12.2026 (недела) ПРАГА - ДРЕЗДЕН БОЖИЌНИ ПАЗАРИ
Појадок. Ден предвиден за целодневен факултативен излет до Дрезден, главниот град на покраината Саксонија. Расположен на бреговите на реката Елба, градот е познат како „Фиренца на Елба“ поради богатото културно наследство и впечатливата архитектура. Прошетка низ стариот дел на градот, каде се издвојуваат Палатата Звингер, Богородичната црква – Frauenkirche, Кралската палата, Палатата Ташенбер и Августовиот мост.
Посебно доживување е посетата на прочуениот божиќен пазар Striezelmarkt, со вековна традиција. Украсените дрвени куќички нудат рачно изработени украси, дрвени сувенири и традиционални германски специјалитети. Слободно време за купување подароци, дегустација на познатиот божиќен колач Dresdner Stollen и уживање во празничниот амбиент, исполнет со мирис на печени бадеми, цимет и греено вино.
Враќање во Прага. Слободно време за индивидуални прошетки низ празнично украсениот центар и посета на божиќните пазари на Стариот градски плоштад и Вацлавскиот плоштад. Осветлените историски градби, големата елка и бројните празнични куќички му даваат посебен шарм на градот. Можност да пробате традиционални чешки слатки и топли напитоци, да изберете сувенири или едноставно да уживате во вечерната атмосфера околу Астрономскиот часовник и старите градски улици. Ноќевање.
07.12.2026 (понеделник) ПРАГА – ПАРНДОРФ (ШОПИНГ) - ВИЕНА БОЖИЌЕН ПАЗАР - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Виена во 08:00 часот со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Време предвидено за шопинг, кафе, ручек и индивидуални прошетки (околу 2,5 часа). Патувањето продолжува кон Виена. По пристигнувањето, следи панорамски разглед на градот со автобус: Стефан Плац, Катедралата Св. Стефан и поширокото централно градско јадро. По панорамскиот разглед, следи посета на божиќниот пазар на Rathausplatz, пред Градското собрание, и слободно време за уживање во празничната атмосфера на Виена. Во декември, австриската престолнина добива посебен сјај: осветлените булевари, украсените излози и раскошните историски градби создаваат прекрасен амбиент за вечерна прошетка. Ве очекуваат празнични дрвени куќички со рачно изработени подароци, божиќни украси и традиционални австриски специјалитети. Мирисот на печени костени, слатки со цимет и топло греено вино го надополнува доживувањето, додека големата елка и светлосните декорации го претвораат плоштадот во омилено место за празнични фотографии. Во договореното време, поаѓање кон Скопје
08.12.2026 (вторник) СКОПЈЕ
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности. Предвидено пристигнување во претпладневните часови.