1 ден СКОПЈЕ - ВЕРОНА - МИЛАНО
Состанок на групата во 13;30ч. Поаѓање во 12.00ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден ВЕРОНА - МИЛАНО
Пристигнување во утринските часови во Верона. Ве водиме на прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел во попладневните/вечерни часови. Ноќевање.
3 ден МИЛАНО - ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. Целодневен престој во градот на модата, на старите моќни фамилии, на уметноста, фудбалот. Прошетка низ богатата историја на Милано: Тврдината Сфорца, споменикот на Гарибалди, Готска Катедрала Д уомо, Пасажот на Виктор Емануел II т.е. најстариот Трговски комплекс во Европа, споменикот на Леонардо Да Винчи, прочуената Опера-Миланска Скала. Слободно време за индивидуални прошетки или предлагаме посета на монденското езеро Комо и градчето Комо со воз. Патувањето кон Шпанија продолжува во попладневните/вечерните часови. Се патува покрај Пјаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4-10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Слободно попладне. Престој 6 ноќевања со појадок или 6 полупансиони, по ваш избор. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Barcelona Panoramica, Barcelona Magic, Costa Brava tour, Poret Aventura – забавниот парк, Aquarium, Pueblo Espanol, Flamenco Show, …
10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР - АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: Barcelona Magic со посета на Аквариум и Магичните фонтани* вечерта шопинг во стоковни куќи, трговски центри! Вечерно поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
11 ден АЗУРЕН БРЕГ: Кан - Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан, познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета. Слободно време за индивидуални прошетки или капење во монденскиот Кан. Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница-Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”. Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.
12. ден АЗУРЕН БРЕГ - ЕЗ - МОНАКО
Појадок. Го напуштаме хотелот. Поаѓање кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминување покрај средновековниот град Ез и се посетува најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми Фрагонард во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени. Продолжување кон гламурозната Кнежевина Монако. Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, тесни улички...Слободно време за индивидуални разгледи. Возиме кон Монте Карло делумно по патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на Монте Карло за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. Слободно време за индивидуални прошетки.
Монако-Скопје: Во вечерните часови, поаѓање за Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.
13 ден МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови