07. 02. 2027 БИТОЛА-СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата со организиран превоз на Спортска сала Битола во 12:00 часот. Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:00 часот. Лет за Венеција W6 7751 во 17:00ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 18:45ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување во хотел… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање1.
Music, Circus-Theatre, Clowns: Campo Margherita, Giacomo, Geremia, Cassiano, Gesuiti, Formosa, Elena, Galuppi Burano 10:00-13:00 – 15:00-19:00 Free
Street Theatre: Campo Stefano 11:30, 12:30, 14:00, 15:00, 16:00 Free
Carnival Costume Parade St.Mark Square 9:00 to 17:00 Free
Contest Best Carnival Costume St. Mark Square, 12:00, 16:00, 17:00 Free
08.02.2027 ВЕНЕЦИЈА-РАЗГЛЕД-КАРНЕВАЛ
Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција (вклучено во цена). Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили гондоли е изграден на Плоштадот Свети Марко на 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Наводно, така и се случило… Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко (доплата за влезница) од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел во попладневнте часови. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање2.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
10:00 – 17:00ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко
11:30, 14:30ч. Улична театарска претстава на плоштадот Свети Марко
12:00 ч. “Лет на ангелот“ од камбанаријата Свети Марко
09.02.2027 ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета (50 еур). Организирана екскурзија со воз, локален транспорт и локален водич (факултативно 60 еур) за најрматичниот град на светот -Верона. Многу туристи сосема забораваат на Верона, брзајќи да ги посетат Рим, Тоскана и Венеција, а овој град е едно од најдобрите места за вкусување на автентична храна и вино, па и еден од најубавите региони на Италија. Верона е поспан, мирен град кој не е така полн со туристи, како што се поголемите градови во Италија, но нуди многу сетилни задоволства, поаѓајќи од вкусната храна и вино, до посебни прекрасни глетки. Ќе направиме пешачка тура низ градот и ќе ги посетиме културно историските артефакти кои се сите тука, близу сместени едни до други. Ќе ги видиме Плоштадот „Бра“ каде се наоѓа големата арена, мостот „Ponte Pietra“, музејот „Castelvecchio“ и ќе уживаме во погледот кон целиот град од кулата „Lamberti“. И секако, атракција која не треба да се пропуштиме е добро познатиот балкон на Јулија (дополнителна влезница 5 еур). Градот е преполн со мали и големи места каде со сигурност ќе пробаме добра храна, а меѓу нив, се рестораните „Re Teodorica“ и „Ristorante 12 Apostoli“. Во Верона, вреди да ги пробате локалните вина како „Amarone“ и „Campofiorin“. Градот е опколен со прекрасни богати лозја како „Masi Tenuta Canova“ кои можете да ги посетите и како турист. Враќање во Местре во попладневните часови. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање3.
10.02.2027 ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ-БИТОЛА
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и краток шопинг во Местре. На пладне 12:30 трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 7752 во 15:30ч. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот. Организиран трансфер по градови.