18. 08.2026 СКОПЈЕ - АЛГЕРО
Полетување за Алгеро во 18:10 и пристигнување во 20:15 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
19.08.2026 АЛГЕРО
Појадок. Слободно време за уживање на плажа. Во попладневните часови, прошетка во Алгеро, градот кој уште го нарекуваат и „Мала Барселона“. Тука жителите зборуваат каталонски, а натписите на улиците и менијата се двојазични. Историскиот дел на градот е заокружен со ѕидини и кули, од времето на шпанското владеење. Лавиринтот со живописни улици се протега се до главниот плоштад, каде се наоѓа катедралата Света Марија од 16 век, главната улица Виа Карло Алберто со црквата Сао Франческо, еден од најзначајните барокни објекти на Сардинија - црквата Сан Микеле. Алгеро е познат и по изработката на корален накит... Ноќевање.
20-21.08.2026 АЛГЕРО
Појадок. Денови за уживање на прекрасните плажи со бел песок и тиркизна вода Мариа Пиа и Ле Бомбарде, прошетки, факултативен излет до најубавата плажа во регионот Ла Пелоса... Ноќевање.
22.08.2026 АЛГЕРО - ГОЛФО ПЕВЕРО
Појадок. Трансфер до Голфо Певеро во зоната на Коста Смералда – „Смарагдниот брег“, најпознатиот дел на италијанскиот брег и едно од најелитните и најпопуларнитe летувалишта во Европа. Брегот е полн со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, бујна медитеранска вегетација и живописни места. Пристигнување во хотелот и сместување. Слободно време за уживање на плажа. Ноќевање.
23.-24.08.2026 ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Појадок. Денови за уживање на прекрасната плажа Гранде Певеро, прошетки до другите плажи, факултативен излет Крстарење по Архипелагот Ла Мадалена...Ноќевање.
25.08.2026 АЛГЕРО - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Организиран трансфер до Аеродромот во Алгеро. Полетување во 20:50 и слетување во Скопје во 22:50 часот.