1 ден петок (09.10.2026) - СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 ч. поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
2 ден сабота (10.10.2026) МИЛАНО
Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: SforcescoCаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3 ден недела (11.10.2026) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-МИЛАНО
Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza dellaReforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посетана мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Дококу дозволат временските услови, можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
4 ден понеделник (12.10.2026)
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе (задолжителна факултативна посета). Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија…
5 ден вторник (13.10.2026)
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.