Ден за разглед на најатрактивниот дел на островот, неговиот западен дел...Манастирот Аркади – се наоѓа 25 км. Југоисточно од градот Ретимно, на севорозападната падина од планината Ида на надморска висина од 500 метри. Зидовите на манастирот формираат облик сличен на правоаголник и завземаат површина од 5.200 м2. Основан во времето на Флавие Аркади (почеток на 5.век). После завземањето на ретимно – Турците го ограбуваат манастирот...и покрај тоа за време на Турската окупација во истиот живееле околу 100 монаси. Случувањата од 1866. Година, кога во манастирот влегуваат 15000 Турски војници и кога сите бранители на манастирот се ликвидирани...нападот почна на 8.Ноември 1866.година, после одбивањето на игуменот на манастирот Гаврил да го напушти истиот...игуменот е ликвидиран, додека сите други (војници, жени и деца) се повлекуваат во барутаната, додека Турците ги палат бурињата со барут и експлозијата била толку силна што предизвикала уништување на целиот манастир и се разбира смрт на сите Грци. Поради тоа, манастирот уште е наречен „Холокауст Аркади“. Денеска манастирот поседува музеј со единствени реликвии, а исто така е познат по тоа што во манастирот 26 години живеел Св.Атанасие Цариградски. Се упатуваме кон Ханиа, еден од најголемите и најважни градови на Крит...градот се развил на 2 полуостови Акротири и Спата. Градот е многу богат со историја, бидејќи Ханија бил долго време центар на збиднувањата на островот...постои уште од Античко време кога станува и град-држава. Ханиа се споменува и во Одисејата на Хомер. За време на Византија градот станува и седиште на Критската епископија. Градот добива на значење најповеќе за време на владеењето на Млетачката Република, додека за време на Отоманската власт – сите цркви се претвораат во џамии и мнозинството од жителите на градот го напуштаат истиот. Градот станува седиште на пашалукот на Крит и со тоа го задржува своето значење. Конечно, во 1913. Година, Крит и Ханиа стануваат дел од Грчката држава, а градот го губи полека своето значење, во корист на Хераклион...во стариот дел на градот се наоѓаат голем број на стари вредни градби, посета на Градските зидини од сите историски периоди (Византискиот, Млетачкиот, Отоманскиот), Православната Црква на Св,Екатерина, Римокатоличката црка Св.Рок, Светилникот Фарос (15.век), Ец Хаим синагогата, Турското купатило, Археолошкиот музеј, Турската фонтана (18.век)...слободно време за прошетка или за капење на некоја плажа во областа Акротири...враќање во Ретимно во касните попладневни часови. Цена по лице : 40 € (трансфер + локален водич)