1 ден 31.12.2026 (Четврток) БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата во Битола во 02;45 мин. Поаѓање во 03:00ч. Патувањето продолжува преку Прилеп, Велес, Скопје со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот (Користење на базен со лековита минерална вода , рекреативни базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило. Во 20.00 часот почеток на свечената вечера-прослава за Дочек на Новата 2027 Година со музика и неограничени домашни пијалоци! Ноќевање
2 ден 01.01.2027 (Петок) БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Во 20.00 часот свечена вечера реприза со музика и неограничен домашни пијалоци! Ноќевање
3 ден 02.01.2027 (Сабота) БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО
Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црква Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
4 ден 03.01.2027 (Недела) БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.