1 ден 03.12.2026 (Четврток) Скопје - Будимпешта
Состанок на групата на паркингот пред хотел Русија во 16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
2 ден 04.12.2026 (Петок) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот сместување во хотел.Слободно време за одмор и посета на Christmas Market. Ноќевање.
3 ден 05.12.2026 (Сабота) Будимпешта - Сент Андреа - Крстарење по Дунав
Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечертa одиме на факултативно крстарење по реката Дунав. По завршување посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.
4 ден 06.12.2026 (Недела) Будимпешта - Виена
Појадок. Одјавување од хотел и заминување кон Виена. Пристигнување во Виена и одиме на панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Сместување во хотел Вечрна прошетка низ Виена и посета на Christmas Market. Ноќевање.
5 ден 07.12.2026 (Понеделник ) Виена - Скопје
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). По завршување во договорено време тргнување кон Македонија.
6 ден 08.12.2026 (Вторник ) Скопје
Ноќно патување со попатни одмори, царински формалности. Пристигнување во Скопје во пладневните часови.