* За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници, крајниот рок за известување околу отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
* За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
* Патувањето мора да биде со валиден пасош. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, средства ќе бидат вратени.
* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни.
* Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
* Агенцијата не учествува во слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативите кои се во организација на тур операторот во државата.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.