04.12.2026 – ПЕТОК
Планирано поаѓање од Битола во 12.00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
05.12.2026 – САБОТА
Пристигнување во Виена во утринските часови. По пристигнувањето започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Катедралата Св. Стефан , градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, , Музејот на модерна уметност, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
06.12.2026 – НЕДЕЛА
Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на Виена…слободно време за индивидуални прошетки и активности. Или факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. и е еден од најважните културни споменици во Австрија. Посетуван е од повеќе од 5 милиони туристи годишно. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф).
Во вечерните часови враќање во хотелот. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање
07.12.2026 – ПОНЕДЕЛНИК
Појадок. Одјавување од хотел. Можност за факултативна посета на Братислава. Прво се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf (тука слегуваат патниците кои не доаѓаат на факултативата во Братислава, со останатите продолжуваме кон Братислава при што после разгледот се враќаме во трговскиот и во договорено време со водичот се собира групата.) Слободно време за шопинг…
Во Братислава следува разглед на градот со локален водич:средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули. Слободно време за индивидуални прошетки.
Поаѓање за Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор и царински формалности.
08.12.2026 – ВТОРНИК
Пристигнување во Македонија во пладневните часови – зависно од гужвите по граници и сообраќајот.