09.10.2026 Битола - Скопје - Малта
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 16 часот. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 19.00 часот. Полетување во 20:55 часот, а слетување на аеродром во Малта во 22,40 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел Kennedy Nova3* во Sliema – прекрасна туристичка област богата со ресторани, продавници и плоштади. Сместување во хотел. Ноќевање1.
10.10.2026 Моста - Мдина - Валета
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до Mоsta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата:60 Eur. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање2.
11.10.2026 Малта - Гозо
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободна вечер. Цена на турата 60 Еур. Ноќевање 3
12.10.2026 Малта - Крстарење Валета - Скопје - Битола
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. Одјавување од хотел. Предлагаме две факулативни екскурзии по избор. Една ескурзија со можност за релаксирано претпладне како и организирано утринско поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот на Валета како апсорпција на атмосферата на островот од еден друг агол. Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии.(30 Еур автобус+брод). По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Слободно попладне. Организиран трансфер до аеродром во 19:30 часот. Полетување за Скопје во 23:10 часот. Слетување во Скопје во 00:50 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата.