Сместен непосредно до медитеранското крајбрежје, во срцето на шармантното летувалиште Калела (Calella), hotel Espanya by Alegria 3* е одличен избор за летен одмор исполнет со сонце, море и автентична шпанска атмосфера. Благодарение на својата одлична локација- на само неколку чекори од плажата, хотелот овозможува брз пристап до песочната плажа, крајбрежното шеталиште, локалните ресторани, кафулињата и продавниците.
Хотелот располага со комфорни, климатизирани соби, опремени за пријатен престој, а дел од нив нудат балкон и прекрасен поглед кон море. Една од најатрактивните содржини е базенот на покривот, каде што гостите можат да се релаксираат под сончевите зраци и да уживаат во погледот кон морето. За љубителите на добрата храна, хотелскиот ресторан нуди разновидни локални и интернационални специјалитети на база на шведска маса, додека барот е идеално место за освежување во текот на денот.
Calella е позната по своите долги плажи, пријатната медитеранска атмосфера и живописниот стар град, кој нуди бројни можности за прошетки и откривање на локалната култура. Одличната железничка поврзаност овозможува и организирање излети до Барселона, како и истражување на други интересни места долж каталонското крајбрежје.
Hotel Espanya by Alegria 3* е идеален избор за патници кои сакаат да бидат во непосредна близина на морето, да уживаат во удобен престој и да ја доживеат Шпанија преку нејзините плажи, гастрономија и опуштен медитерански ритам.