ЦЕНИ И УСЛОВИ
- Цените се дадени за наем на цел апартман за 7 ноќевања, со капацитет до четири лица.
- Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на апартманот.
- Резервациите се потврдуваат според расположливоста.
- Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на апартманот.
- На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена. Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на апартманите е до 10:00 часот, по локално време.
- Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Фотографиите прикажуваат повеќе апартмани и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу апартманите.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени.
- Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.