Швајцарија
Базел
Октомври
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
21.10.2024 - 24.10.2024 | Хотел 3* во Стразбур и Базел | 3 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Стразбур е град исполнет со разновидни стилови , уметност, шаренило, но и автентичност... Историјата, иако турбулентна и не секогаш питома, сепак, со секој свој чекор посеала бисери кои самоуверено блескаат низ целиот град. Еден од тие бисери е Палатата Рохан од 18ти век, која е своевиден мал Версај. Тука се кријат богатите Дворци и Палати на некогаш највлијателните Европски дами, Грофицата Мелани и сопругата на Наполеон, Жозефина. Во престолнината на Алзас, срцето на Европа, се чувствува шармот на Екселенцијата.
Колмар, Волшебен град, шаренило, тоа е првата и најсоодветна асоцијација за ова мало и бајковито место. Сместен во североисточна Франција, во пределот на Горна Рајна во областа Алзас, со виорот на турбулентната историја, Колмар преминувал од Германски во Француски, па дури и Шведски раце, за да се издигне како Француски бисер на убавиот исток. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар. Мала Венеција, градот на Фредерико Бартолди и квалитено Колмаршко вино, комбинација од најдоброто, тоа е овој град.
Цената вклучува:
Авионски билет на релација Скопје – Баден Баден и Базел – Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
Организирани трансфери според програмата
Сместување во Хотел 3* во Стразбур на база 2 ноќевања со појадок
Сместување во Хотел 3* во Базел на база 1 ноќевање со појадок
Организирани прошетки во Стразбур, Колмар и Базел
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
Доплата за уште 1 торба за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 3.800 денари
Доплата за куфер за чекирање (со максимум 20kg) 6.900 денари
Туристичка такса 15 евра (се плаќа во агенција)
Крстарење по каналите на Стразбур
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
21.10.2024 (Сабота) СКОПЈЕ - БАДЕН БАДЕН - СТРАЗБУР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Полетување за Баден Баден во 13:35 и пристигнување во 16:00 часот. Попатна прошетка до Баден-Баден, место кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бањски туризам. За неговото славно минато сведочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и три километри долгото шеталиште. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
22.10.2024 (Недела) СТРАЗБУР
Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.
23.10.2024 (Понеделник) СТРАЗБУР - КОЛМАР – БАЗЕЛ
Појадок. Организиран превоз до Колмар. На влезот се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ гратчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и плоштади, се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува многу туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден… Организиран превоз до Базел и сместување во хотелот. Ноќевање.
24.10.2024 (Вторник) БАЗЕЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Пешачка прошетка низ стариот дел на градот: Минстер Катедралата, Kunstmuseum, Pfalz терасата со преубав поглед на Рајна, плоштадот Marktplatz so седиштето на владата и парламентот на Базел, Mittlere мостот… Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 16:05 часот и слетување во 18:15 часот.
ТА Турист 2024