Потругалија
Лисабон
Октомври
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
11.10.2024 - 17.10.2024 | Хотел 3* Лисабон и Порто | 6 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.
Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.
Коимбра | 15 Є |
Околината на Лисабон | 95 Є |
Туристичка такса | 10 Є |
Цената вклучува:
Авионски превоз Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон-Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфер од Аеродромот до хотелот во Порто
Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
Трансфер од хотелот до Аеродромот во Лисабон
2 ноќевања со појадок во Хотел Ibis Porto Centro Mercado Do Bolhao 3* во центарот на Порто
https://all.accor.com/hotel/A7J9/index.en.shtml
4 ноќевања со појадок во Хотел Dom Carlos Liberty 3* во центарот на Лисабон
https://www.domcarloshoteis.com/en/dom-carlos-liberty/
Разглед и прошетки во Порто според програмата
Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
Туристичка такса 10 Є (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 Є
Посета на Коимбра 15 Є
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
11. Октомври (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:15 часот. Полетување во 12:50 и пристигнување во Порто во 15:50 часот.
Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Плоштадот Батаља, Црквата Сан Илдефонсо, улицата Света Катерина... Слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
12. Октомври (Сабота) ПОРТО
Појадок. Разглед на стариот дел од Порто: Катедралата, железничката станица Сао Бенто изградена во стилот на француската ренесанса, Плоштадот Слобода, Авенијата Алиадос, Универзитетот, Кулата Клеригос, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро и прошетка по втората значајна пешачка улица Rua das Flores. Ноќевање.
13. Октомври (Недела) ПОРТО – КОИМБРА - ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Препорачуваме попатна посета на симпатичното место Коимбра, каде се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа. Прошетка низ историскиот дел на некогашниот главен град на Португалија при што ќе се види Универзитетскиот комплекс, старата и новата Катедрала, Кулата Алмедина, Црквата Санта Круз... Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од
симболите на градот, прекрасната кула Белем, која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде славниот Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, ремек дело на мауелската архитектура. Слободно време за
посета на најпознатата лисабонска слаткарница Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де
Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.
14. Октомври (Понеделник) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се
наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг
мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Ноќевање.
15. Октомври (Вторник) ЛИСАБОН – АЛФАМА
Појадок. Прошетка во центарот на Лисабон и покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за
возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Во срцето на стариот дел се наоѓаат Катедралата, Црквите посветени на Св. Антонио и Св. Винсент, како и националниот Пантеон. Ноќевање.
16. Октомври (Среда) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од
најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 Век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставува совршен контраст со зеленилото кое ја опкружува. Слободно време за вкусување на традиционалните колачиња каежадас. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, 'ртот Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
17. Октомври (Четврток) ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 10:55 ч. Пристигнување во Истанбул во 17:35 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:30 ч.
ТА Турист 2024