Обединети Арапски Емирати
Дубаи
Октомври
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
11.10.2024 - 17.10.2024 | Ibis 3* Dubai Al Barsha | 4 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен | |
11.10.2024 - 17.10.2024 | Ibis 3* Dubai Al Barsha | 4 ноќевања со појадок | Еднокреветна | возрасен | |
11.10.2024 - 17.10.2024 | Canal Central 5* Business Bay | 4 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен | |
11.10.2024 - 17.10.2024 | Canal Central 5* Business Bay | 4 ноќевања со појадок | Еднокреветна | возрасен |
Програма на патувањето со авиокомпанија Turkish Airlines од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на Turkish Airlines.
Дати на патување 11-17.10.2024/ период на престој 12-16.10.2024 (4 ноќевања со појадок)
Детали од лет
TK1006 11OCT Скопје – Истанбул 2020 2300 // TK 762 12OCT Истанбул – Дубаи 0030 0555
TK 761 17OCT Дубаи - Истанбул 0200 0545 // TK1003 17OCT Истанбул – Скопје 0725 0750
Цените се по лице и валидни до пополнување на местата во авионот.
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.
Цените се за сместување во стандард двокреветна соба за минимум 2 лица во соба.
Крстарење (по 19 часот, околу 3 часа со трансфер од/до хотел) | 70 Є |
Градска тура Dubai city tour (4 часа) за 8-12 лица | 60 Є |
Burj Khalifa (само влезници - normal hours/ | 45 Є |
Burj Khalifa (само влезници prime hours 15;30-18;00 часот), за 124 кат. | 65 Є |
Пустинско сафари (со скара - после 14.30-21;00 часот | 55 Є |
Целодневна тура Абу Даби (7 часа) 8-12 лица | 90 Є |
Посета на Miricle Garden & Global Village | 60 Є |
Цената вклучува:
Повратен авионски билет на релација Скопје–Истанбул–Дубаи–Истанбул–Скопје
Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи;
4 ноќевања со појадок во избраниот хотел/ тип на соба
Организација и реализација на патувањето
Локална асистенција во Дубаи (водич на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
Влезна виза за Дубаи - 95 Є по лице (задолжително за сите лица)
Патничко здравствено осигурување
Факултативни излети (зависат од број на пријавени лица за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени)
Останати тури и индивидуални излети – на барање
Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (Tourism Dirham, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 Є по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба Стандардна двокреветна соба за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Услови на плаќање:
Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00.
Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација.
Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
Начин на плаќање:
Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
11.10.2024 - Полетување од Скопје во 20:20. Слетување во Истанбул во 23:00 часот.
12.10.24 - Полетување за Дубаи во 00:30 часот на 07.09 и слетување во Дубаи во 05:55. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез после 14:00ч.
Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.
Факултативни ексурзии - навечер крстарење Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) 70 Є по лице.
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).
13.10.2024 Факултативни ексурзии - градска тура Дубаи City tour (4 часа) – 8-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа). Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Остануваме во тргиовсиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.
14.10/24 - Факултативна ексурзија - Попладне пустинско Сафари со скара и традиционална вечера - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 55 ЕУР по лице. Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
15.10/24 – Факултативна ексурзија - Целодневна тура Абу Даби (7 часа) - 8-12 Лица за реализација на турата – 90 Є по лице/ на српски јазик/ без вклучен ручек (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ. Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот. Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ, кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000. Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри. Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер. Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*). Напомена ! Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама
16.10/24 – Појадок и слободно предпладне за индивидуални активности. Попладне тура посета на Miricle Garden и Global Village 60 Є по лице. Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Трансфер до хотел.
17.10.2024 - Појадок. Трансфер до Аеродром. Полетување од Дубаи за Истанбул во 13:45 часот. Слетување во Истанбул во 17:40 часот и полетување за Скопје во 19:00 часот. Слетување во Скопје во 19:30 часот
ТА Турист 2024