string(3) "113"
string(0) ""

Краков

Краков

Држава

Полска

Регион

Град

Краков

Категорија

Октомври

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
09.10.2024 - 13.10.2024 Ibis Styles Kraków Centrum 3* 4 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Краков е еден најубавите европски градови, неговиот стар дел е вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Главниот плоштадот Ринек е еден од најголемите средновековни плоштади во Европа.
Тука се наоѓаат прекрасни градби, цркви изработени во специфичен готски стил, катедрали, замоци, но и модерни кафулиња, преполни со туристи од цел свет, кои придонесуваат за една посебна атмосфера и раздвиженост. 
Белите кочии и коњите, за прошетка низ стариот дел на градот, се прекрасен декор и му даваат изглед на центарот на Краков како дел од бајка.

2

Виеличка со вклучена влезница 45 Є
Аушвиц со влезница 35 Є
3

Патничко-здравствено осигурување 5 Є
4

Цената вклучува:
Авионски превоз на релацијата Скопје–Белград-Краков-Белград-Скопје со вклучени
Аеродромски такси
Багаж за чекирање 1 куфер до 23 kg и Рачен багаж (со максимални димензии 55x40x20cm) до 8 kg
Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
4 ноќевања со појадок во Хотел Ibis Styles Kraków Centrum 3*
(во поширокиот центар на Краков https://all.accor.com/hotel/B579/index.en.shtml)
Разгледи и прошетки во градовите според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Факултативен излет до Виеличка со вклучена влезница 45 Є
Посета на Аушвиц со вклучена влезница 35 Є
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

09. Октомври (Среда) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД - КРАКОВ
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 13:30 ч. Полетување за Белград во 15:05 и пристигнување во 16:15 ч. Полетување за Краков во 17:50 и пристигнување во 19:50 ч.
Организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за прошетка во еден од најубавите градови во Европа, благодарение на одлично зачуваните градби и богатото уметничко и културно наследство. Ноќевање.

Ден 2

10. Октомври (Четврток) КРАКОВ
Појадок. Разглед на поранешниот главен град на Полска: Стариот град, кој е ставен на списокот УНЕСКО, како светско наследство, полн со готски, барокни и ренесансни градби, Краковскиот Барбакан, најпознатиот дел со средновековни ѕидини, главниот плоштадот - Ринек обликуван во 13 век, се смета за еден од најголемите средновековни плоштади во Европа... На плоштадот се наоѓаат многу знаменитости како што се Платнената сала, Базиликата Св. Марија, Кулата на градското собрание и Јагелонскиот универзитет кој е еден од најстарите универзитети во светот и кој е оценет како најдобар во Полска... Ноќевање.

Ден 3

11. Октомври (Петок) КРАКОВ - ВИЕЛИЧКА
Појадок. Организирана екскурзија до рудникот за сол Виeличка. Постојат докази дека бил во употреба уште од неолитот, овој рудник работел од 13 до крајот на 20 Век. Денес е една од главните атракции во Полска. Долгите ходници поврзуваат галерии со многубројни скулптури и статуи исклесани во солените карпи. Рудникот има девет ката и достигнува длабочина до неверојатни 327 метри. Сепак, за туристите е отворен најубавиот дел од тунелите во должина од 3,5 километри. Рудникот за сол Виеличка се наоѓа на листата на УНЕСКО. Враќање во Краков во вечерните часови. Ноќевање.

Ден 4

12. Октомври (Сабота) КРАКОВ – АУШИВИЦ
Појадок. Трансфер и посета на поранешниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, кој е на околу 70 километри од Краков. Враќање во Краков во пладневните часови. Прошетката продолжува до областа Вавел, каде се наоѓаат истоимениот замок и катедралата во која биле крунисани многу полски кралеви. Во Кралскиот дворец може да се видат кралските круни и многу уметнички дела...Ноќевање.

Ден 5

13. Октомври (Недела) КРАКОВ – БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки во Еврејскиот кварт Казимерц. Некогашниот град кој го основал Кралот Казимир III, денес е познат боемски кварт, омилен на локалното население, кој го карактеризира единствената атмосфера, со многу ресторани, продавници и културно-историски споменици. Организиран превоз до Аеродромот во Краков. Полетување за Белград во 20:30 часот.
Пристигнување во Белград во 22:20 и полетување за Скопје во 00:35. Слетување во Скопје во 01:50 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0