string(3) "129"
string(0) ""

Париз

Париз

Држава

Франција

Регион

Ил де Франс

Град

Париз

Категорија

Нова година

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
29.12.2024 - 03.01.2025 Ibis Pantin 3* 5 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Париз, вечниот град на љубовта, е совршена дестинација за сите патници. Истражете ги неговите светски познати знаменитости како Ајфеловата кула, Триумфалната порта и катедралата Нотр Дам. Прошетајте низ историските улици на Монмартр или уживајте во уметноста во Лувр и Музејот Орсеј. За љубителите на шопинг, Шанзелизе нуди луксузни брендови и автентични француски бутици. Крстарењето по реката Сена ќе ви овозможи уникатен поглед на градот, додека француската кујна ќе ве воодушеви со вкусови во секоја уличка и кафе. Без разлика дали сте љубител на историјата, уметноста или културата, Париз ветува незаборавно искуство за сите.

Скопје 29.12.2024
Загреб 29.12.2024 
Париз  29.12.2024 
Загреб 03.01.2025  
Скопје 03.01.2025

2

Влезноца за Ајфелова кула 23 Є
Посета на Лувр 22 Є
Крстарење по Сена 25 Є
Посета на Версај 85 Є
Посета на Мулен Руж 150 Є
Дизниленд 99 Є
Посета на Операта Грание 15 Є
Посета на Музејот Орсеј 16 Є
3

Патничко и здравствено осигурување 6 Є
4

Во цената е вклучено:
Повратен авионски билет, од Скопје до Париз
20 кг вклучен багаж
Аеродромски такси
Организиран трансфер од аеродромот до хотелот
Панорамски разглед на Париз со автобус
5 ноќевања со појадок во хотел со 3* (Ibis Pantin или сличен)
Придружник за време на патувањето во Париз
Организирани пешачки разгледувања на градот

Во цената не е вклучено:
Факултативни екскурзии во Париз 
Трошоци за оброци и пијалоци
Влезници за музеите и атракциите
Патничко и здравствено осигурување
Дополнителни трошоци во хотел

5

Цените се по лице, сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 20 патници.
Цени за сместување во еднокреветна соба на барање.
Разгледите во Париз ќе зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведениот редослед.
Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд
Плаќање при резервација 30%, доплата 15 дена пред поаѓање.
Агенцијата има право да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање

Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

29.12.2024          Скопје - Париз
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје. Слетување во Париз во 10:30 ч.
Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски Полиња, Триумфална Капија, Конкорд, црква Мадлена, опера Гарние, Вандом, Лувр, Орсеј, Нотр Дам, латински кварт, Инвалиди, Воена Школа, Ајфелова Кула, Мостот Александар III. Сместување во хотел. Слободно време за ручек. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња. Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање

Ден 2

30.12.2024          Париз
Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа. Слободно време за ручек. Организирана посета на Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на црквата Свето Срце. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

Ден 3

31.12.2024          Париз - Версај
Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај. Организирана посета и влез во дворецот. Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз. Организирана посета на латинскиот кварт. Слободно време за ручек. Враќање во хотел. Организиран заеднички Дочек на Новата година на еден од плоштадите во Париз или Елисејските Полиња. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

01.01.2025          Париз - Дизниленд
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд. Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду. За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.

Ден 5

02.01.2025          Париз
Појадок. Организирани посети на Операта Гарние (однадвор), музејот за парфеми Фрагонард, галеријата Лафајет. Слободно време за ручек. Можност за посета на Музејот Орсеј или црквата Sainte Chapelle (факултативно). За љубителите на шопинг, предлагаме посета на новиот дел Ла Дефанс. Попладнето организирано крстарење со брод по Сена (факултативно). Вечерта слободно време за посета на Ајфеловата Кула. Слободно време за вечера на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 6

03.01.2025          Париз - Скопје
Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот. Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч. Полетување за Скопје во 13.40, слетување во 15.05 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0