string(3) "130"
string(0) ""

Полска

Полска

Држава

Полска

Регион

Средноамазонска низина

Град

Варшава

Категорија

Ноември

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
28.11.2024 - 02.12.2024 Хотел 3* 4 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Во последните 400 години дури 43 пати се бореле за својата слобода... По сите војни кои ги воделе, вистинско чудо е што Пољаците успеале да сочуваат добар дел од своето наследство... Полска е родната земја на славниот композитор Фредерик Шопен, на значајни филмски уметници  како Роман Полански, на Мараја Кири-првата жена која добила Нобелова награда, на Никола Коперник, првиот научник кој докажал дека Земјата не е центарот на Универзумот и дека во средиштето на ѕвездениот систем се наоѓа Сонцето... Полска е девета најголема Европска земја во која 90 % од жителите имаат завршено најмалку средно образование... И најверојатно последна држава во светот во која сеуште е застапена џентлменската пракса на дамите да им се бакнува рака!

2

3

Туристичка такса 6 Є
Патничко осигурување 5 Є
4

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Авионски билет Скопје-Варшава со вклучени аеродромски такса
Авионски билет Гдањск-Варшава-Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
Сите трансфери вклучени во програмата
1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Варшава
1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Торун
2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Гдањск
Влезница во Музејот на Никола Коперник во Торун
Лиценциран туристички водич за време на целото патување
Лиценциран туристички придружник

Во цената не се вклучени следните услуги:
Доплата за еднокреветна соба – 140 евра
Туристичка такса- 6 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување

5

За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари) најдоцна до 21. август. Целосна доплата на аранжманот до 15.10.2024
За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

28.11.2024 (четврток)-Скопје-Варшава
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.30 часот. Полетување за Варшава во 13.25 часот, слетување во 15:30 часот по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот Gromada Centrum 3* (https://www.gromada.pl/hotel-warszawa-centrum ) лоциран во срцето на Варшава што ни овозможува да сме во непосредна близина на многуте атракции во градот. Сместување на групата и слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич: Зградата која е изградена по примерот на московската „Стаљинка“, Палатата на културата која е највисоката зграда во Варшава, па од главната Варшавска авенија продолжуваме во стариот дел од градот кој откако за време на Втората Светска  Војна е целосно разрушен одновно е реновиран во целосно истиот лик и денеска е под заштита на УНЕСКО. Тука, на Плоштадот  Plac Zamkowy се наоѓа и Кралскиот дворец Zamek Krolewski и Сигмундовиот столб висок 22 метри кој е најстариот и нависокиот црковен споменик во Варшава подигнат во 1644- та година во чест на владетелот кој во 1569-та година ја преместил престолнината од Краков во Варшава, со што Варшава станала главен град на Полска.  Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во метрополата која веќе живее во предновогодишна атмосфера. Пољаците се длабоко религиозен народ, христијанска нација која се смета за можеби последната вистинска на стариот континент, a Варшава е омилена туристичка дестинација особено за време на божиќниот саем кој е сместен во внатрешноста на одбранбените ѕидови на стариот град. Покрај традиционалните специјалитети од регионалната кујна, медењаците и вареното вино, ќе уживате и во уникатните божиќни украси изработени од стакло по чие производство Полска е позната во Европа. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 2

29.11.2024 (петок)- Варшава-Торун
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ Полската престолнина која има по нешто за секој. За разлика од повеќето полски градови, Варшава која се простира на широко подрачје изобилува со различна архитектура, од готика до модеро стакло и челик. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме со автобус кон Торун, градот кој е под заштита на УНЕСКО токму заради прекрасните стари градски ѕидини и кој поради специфичната архитектура често пати е нарекуван “малиот Краков”. Сместување на групата во хотелот Solaris 3* (www.hotelsolaris.pl) , уникатен бутик хотел сместен во срцето на стариот град опкружен со историски стари куќи од 17. и 19. Век. Краток одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич: стариот град,  главниот градски Плоштад, Катедрата на Свети Иван, рушевините на дворецот Dubowski. Слободно време за индивидуални прошетки низ стариот Градски Плоштад опкружен со средновековна архитектура на кој привршуваат сите подготовки за почеток на празничната божиќна бајка. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 3

30.11.2024 (сабота)- Торун-Гдањск
Појадок. Заминуваме на организиран разглед на Музејот на научникот Никола Коперник кој се наоѓа во стариот дел од градот во две згради- во едната од нив тој е роден. Музејот од отворен во 1960-та година и денеска тука се наоѓаат материјали и предмети кои му припаѓале на овој научник, различни портрети од астрономот како и предмети изработени во негова чест од страна на жителите на Торун. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме со автобус кон најсеверниот дел на Полска до Балтичкото Море каде се наоѓа еден од најубавите полски градови Гдањск кој е воедно и најзначајното полско пристаниште. Кога ќе стигнеме во Гдањск ќе имаме чувство дека сме стигнале во Скандинавија бидејќи градот го карактеризира стогодишна традиција на пристанишен град и живописни улици со неаполска архитектура под влијание на трговците од целиот свет. Сместување на групата во хотелот  Artus 3* (https://hotelepolskie.com.pl/hotele/ ) во непосредна близина на строгиот центар на градот. Во вечерните часови индивидуални прошетки. Ноќевање.

Ден 4

01.12.2024 (недела)- Гдањск
Појадок. Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич. Не` очекува прошетка низ еден од најубавите делови на Полска. Освен по настаните од Втората Светска Војна, ова е градот во кој започнало познатото граѓанско движење „Солидарност“  што го симболизирал отпорот на Народна Република Полска. Нејзин водач бил познатиот борец протов комунизмот и првиот претседател на модерна Полска Lech Walensa. Стариот град е испресечен со канали на реката Moltawe кои му даваат дополнителен шарм. Тука е Горската Врата-Кула на затворениците денес претворена во Музеј, Долгата улица која претставува главна градска улица која го дели стариот град, старата зграда на судот, црквата Вознесение на Дева Марија, најголемата циглеста црква на светот, Градското собрание Ratusz Glownego Miasta, Zuraw Gdanski -една од најживите улици во градот преполна со ресторани и кафетерии, како и пристанишната дигалка на реката која е еден од главните симоли на градот Гдањск. Слободно попладне за уживање во еден од најубавите божиќни маркети кој ќе ни приреди одлично празнично расположение во волшебна атмосфера надополнета со мириси на цимет, топло чоколадо и божиќни песни кои го исполнуваат срцето со радост. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 5

02.12.2024 (понеделник)- Гдањск-Варшава-Скопје
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и имаме организиран трасфер до аеродромот во Гдањск. Летот кон Варшава е во 12.05 часот слетување во 13.05 часот. Во 14.40 часот полетуваме од Варшава, слетување во Скопје во 16.45 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0