string(3) "131"
string(0) ""

Словенија и Австрија

Словенија и Австрија

Држава

Словенија

Регион

Горењски регион

Град

Крањска Гора

Категорија

8ми Декември

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
06.12.2024 - 11.10.2024 Хотел Ramada Resort 4* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Божиќен маркет во Словенија и Австрија
Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете го прекрасниот бароктен град Салзбург; ако милувате да посетите идилично и бајковито место стуткано во Алпите тогаш посетете го Халштат-најубавото село во светот со само една главна улица... Ако пак сакате да ја доживеете најубавата Австријска бајка, тогаш посетете го романтичниот Велден, градот на Ангелите... Едноставно, застанете покрај некое огниште и слушајте го пукањето на разгорените дрва за да го доживеете вистинското значење на Божиќ.

2

3

4

Во цената е вклучено:
Превоз со туристички автобус
Три ноќевања со појадок во хотелот „Ramada Resort”4**** во Крањска Гора
Користење на базенот во хотелот
Организирана посета на Клагенфурт и Велден со лиценциран туристички водич
Организирана посета на Халштат и Салзбург со лиценциран туристички водич
Организирана посета на Блед
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
Користење на wellness центарот во хотелот
Туристичка такса во хотелот 10.5 евра за трите вечери-(се плаќа во агенцијата)
Доплата за еднокреветна соба 80 евра
Патничко осигурување

5

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

06.12.2024 година (петок)
17:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 19:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Ден 2

07.12.2024 година (сабота)
Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови.  Сместување во хотел „Ramada Resort”  4**** (hit-alpinea.si) во двокреветни соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало, перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.

Ден 3

08.12.2024 година (недела)
Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед најпрво на градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која од 1997 година е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате... шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон градот Салзбург. Местото во кое е роден Моцарт уште од 15.век ја започнува традицијата со организација на божиќен саем за подоцна, со текот на годините да прерасне во еден од најубавите во Европа. Единственото опкружување во срцето на стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО, шарените тезги и посебно дизајнираните светла што наликуваат на романтични звезди над небото го прават салзбуршкиот ”Christkindlmarkt” навистина необичен. Разгледување на градот со лиценциран туристички водич: Стариот плоштад и Плоштадот на Моцарт, Катедралата од 8. век, Манастирот Св. Петар од 7 век, Бискупската резиденција со прекрасната фонтана од 16 век... Слободно време за индивидуални прошетки низ многубројните тезги кои се распослани на Плоштадот.  Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.

Ден 4

09.12.2024 година (понеделник)
Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет кон Австрија. Организиран разглед на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе Ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе Ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Потоа продолжуваме кон Велден, малото градче во покраината Корушка кое во овој период од годината го нарекуваат Градот на Ангелите. Велден се наоѓа на брегот на Врбското Езеро во кое секоја година се поставува најголемата атракција-Божиќниот венец до кој се стигнува со бродот на Ангелите „Santa Lucia“. Дворецот Велден, традиционални дрвени колиби, опојни мириси од борови гранчиња и варено вино, ангелска пекара во која вредните Ангелчиња ги подготвуваат божиќните колачи, ангелска пошта, божиќни звуци кои се разлеваат од месните хорови... Безброј бели ангелски балони со писма постојано полетуваат кон темното ноќно небо следени од илјадници погледи полни со надеж дека наскоро ќе им се исполнат нивните скриени желби... Целиот град наликува на една голема осветлена сцена во која сите се дел од најубавата божиќна бајка која никого не остава рамнодушен. Во вечерните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.

Ден 5

10.12.2024 година (вторник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање со кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое  со својата атракција привлекува многу туристи (со доплата). Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. 

Ден 6

11.12.2024 година (среда)
Пристигнување во раните утрински часови.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0