string(3) "154"
string(0) ""

Палма де Мајорка

Палма де Мајорка

Држава

Шпанија

Регион

Палма де Мајорка

Град

Мајорка

Категорија

Март

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
27.03.2025 - 31.03.2025 Las Arenas 4* 4 ноќевања со појадок Основен 2 возрасни
27.03.2025 - 31.03.2025 Las Arenas 4* 4 ноќевања со појадок Стандард 2 возрасни
27.03.2025 - 31.03.2025 Las Arenas 4* 4 ноќевања со појадок Супериор 2 возрасни

1

Цена во претпродажба:
439 € ( 27.218 мкд ) - Basic пакет
489 € ( 30.318 мкд ) - Standard пакет со вклучени 1 разглед
624 € ( 38.688 мкд ) - Superior пакет  со вклучени 3 разгледи

 Цена на аранжманот:
479 € (29.698 мкд) - Basic пакет 
529 € (32.798 мкд) - Standard пакет со вклучени 1 разглед 
664 € (41.168 мкд) - Superior пакет со вклучени 3 разгледи 

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ BASIC STANDARD
Организиран панорамски разглед на Палма (приватен трансфер и локален водич 55 Є  
Посета на Солер и Ваљдемоса (приватен трансфер и локален водич) 70 Є 75 Є
Посета на Пештерите Драх и Монте Кристо (приватен трансфер и локален водич) 75 Є 75 Є

 

2

Солер и Ваљдемоса (приватен трансфер и локален водич) 70 Є
Панорамски разглед на Палма (приватен трансфер и водич) 55 Є
Пештерите Драх и Монте Кристо (приватен трансфер и водич) 75 Є
3

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз Скопје - Палма де Мајорка - Скопје (со едно преседнување)
- Аеродромски такси.
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг
- Сместување во хотел Las Arenas **** (Can Pastilla), 4 ноќевања со појадок
- Oрганизирани трансфери на Палма де Мајорка: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено-патничко  осигурување 
- Туристичка такса: 5,7€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција.
- Организиран панорамски разглед на Палма (приватен трансфер и локален водич) = 55€
- Посета на Солер и Ваљдемоса (приватен трансфер и локален водич) = 70€
- Посета на Пештерите Драх и Монте Кристо (приватен трансфер и локален водич) = 75€
- Доплата за 1/1 соба = 125€
- Влезници за културно-историските споменици

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

27. Mарт (четврток) СКОПЈЕ - ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА 
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 03:40 часот. Лет за Палма де Мајорка во 05:40 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Палма де Мајорка во 12:45 часот. Трансфер до хотелот. Мајорка е најголемиот шпански остров кој се наоѓа во Балеарскиот архипелаг заедно со Ибица и Менорка. Мајорка има исклучително поволна клима со долги и суви лета. Исклучителната географска положба на островот му дава  пријатната клима, бујна вегетација, како и чисто море со природни песочни плажи. Мајорка е остров на живи настани и омилена дестинација на трендсетерите. Претставува комбинација од денешната цивилизација и десетвековната историја. Ова е остров со огромни боровни шуми и карпести плажи на запад, прекрасни заливи на исток и долги песочни плажи на север и југ. Северот на Мајорка има прекрасни плажи, а ветерот што постојано дува е посебна атракција за сурферите. На јужната страна. плажите се покриени со бисерен песок и изгледаат речиси нереално. Доколку случајно се најдете во девет часот навечер, на половина час југоисточно од главниот град, на плажата Ес Тренц, сигурно ќе го доживеете едно од најубавите зајдисонца. Ноќевање.

Ден 2

28. Mарт (петок) ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА ( Панорамски разглед )
Појадок. Факултативен полудневен излет до главниот град. Градот е поатрактивен од било кога благодарение на внимателното планирање на градот и обемните мерки за реновирање во стариот дел од градот (Каско Антигуо). Таканаречениот „бисер на Медитеранот“, нуди динамичен начин на живот и дење и ноќе. Преполн е со медитерански шмек кој привлекува милиони посетители секоја година. „Сандеј Тајмс“ ја прогласи Палма за едно од најдобрите места за живеење во светот. Посетувајќи го, ќе имате можност да ja научите интересната приказна за главниот град Мајорка кој е и најголемото пристаниште, а воедно и административен центар. Се наоѓа на јужниот брег во истоимениот залив. Симболот на Палма е секако добро познатата катедрала, која островјаните ја нарекуваат „Ла Сео“ - дело на големиот мајстор Гауди. посета на Паркот де ла Мар, прошетка по модернистички уникатни фасади дизајнирани од локални и Каталонски уметници и поглед кон главните згради на Палма де Мајорка, палатата Алмудаина, Ла Лоња или катедралата, како и традиционалните дворови, симбол на моќ и престиж од ерата на барокот. Панорамски поглед на познатиот замок Белвер.. Попладне слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3

29.Mарт (сабота) ВАЉДЕМОСА И СОЛЕР
Појадок. Целодневна факултативна екскурзија, која ќе ве однесе до романтичниот север на Мајорка. За време на прошетката ќе ja посетиме Ваљдемоса, шармантно и незаборавно село со улици-калдрми, украсени со саксии и плочки во чест на Санта Каталина Томас во Сиера де Трамунтана и посета Real Cartuja de Valldemossa, поранешен манастир од 14 век.. По Ваљдемоса продолжуваме со возењето низ националниот парк преку планините Трамунтана,со застанување кај видиковецот Са Форадада, градот Деја. Посета селото Солер, кое се наоѓа во срцето на Сера де Трамунтана, е една од најживописните и најисториските дестинации на островот. Со својата прекрасна глетка, шармантни тесни улички и енергична локална култура. Планирано,  слободно време за одмор. Пред враќањето во хотелот, разглед на историскиот центар на Солер, омиленото место за состаноци на уметниците, за која сведочи железничката станица претворена во уметничка галерија во која се сместени делата на Хуан Миро и Пабло Пикасо. Враќањето во хотелот е планирано во раните вечерни часови. Ноќевање.

Ден 4

30. Mарт (недела) ПЕШТЕРИТЕ ДРАХ - ПОРТО КРИСТО
Појадок. Полудневна факултативна посета на Пештерите Драх во Порто Кристо, кои се едни од најпосетуваните и најпознатите пештери во Европа. При оваа прошетка, ќе ја имате можноста да ја посетите и фабриката во која се произведува “бисерот” на Мајорика.  Посетата на пештерите Драх не води и до езерото Мартел кое се смета за едно од најголемите и најспектакуларни подземни езера во светот. Kратко пловење со брод по езерото Мартел нуди несекојдневна можност одблизу да се восхитувате на убавината на пештерите. Разгледот на сталактитите и сталагмитите на возвишен начин е дополнително истакнат, со осветлувањето што го испланирал и поставил инженерот Карлос Буигас. При посетата на “Majorica Pearl” ќе можете да го набљудувате ригорозниот процес на производство на бисер додека го слушате стручното објаснување. Таму ќе можете да видите и интересна изложба на овој производ кој е единствен за Мајорка. Изложбата се состои од најрепрезентативните парчиња со над 120 години историја. Во продолжение следи и половина час пауза во Порто Кристо. Овој крајбрежен град е воедно и заштитен залив, со прекрасната голема плажа од ситен песок и плитка тиркизна вода. Порто Кристо е исто така природно пристаниште кое се користи и за риболов и спорт, а кое и покрај модернизацијата не го изгубило својот природен шарм. Враќање во хотел и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 5

31. Март (понеделник) ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА
Појадок. Слободно време до трансферот на аеродромот во Палма де Мајорка во 12:00 часот. Лет за Скопје во 14:55 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Скопје во 19:55 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1