Италија
Венето
Венеција
Февруари
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
13.02.2025 - 17.02.2025 | Хотел 3* | 2 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен | |
13.02.2025 - 17.02.2025 | Хотел 3* | 2 ноќевања со појадок | Еднокреветна | возрасен |
Поаѓање:13.02.2025
Враќање:17.02.2025
Дестинација:Италија / Венеција
Превоз: Автобус
Сместување: Хотел 3*
Услуга: 2 ноќевања со појадок
Дете до 11.99 години плаќа 179 Є си 2 возрасни во соба
Трансфер од Битола, Прилеп, Штип, Неготино, Кавадарци, Велес и Гевгелија 10 Є по лице (во правец)
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
Во цената е вклучено:
Сместување во хотел со 3*
2 ноќевања со појадок
Автобуски превоз од Скопје
Посета на Падова и Noventa di Piave Designer Outlet
Туристичка такса за влез во Венеција
Посета на Венеција (2 дена)
Локален водич во Венеција
Лиценциран придружник
Во цената НЕ е вклучено:
Патничко осигурување
Влезници за музеите
Индивидуални трошоци
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
13.02.2025 Четврток
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
14.02.2025 Петок
Пристигнување во Италија во утринските часови. Бидејки се упатуваме дирекно кон Венеција, застануваме попатно на поголема пауза каде ќе можеме да се освежиме, преоблечеме и појадуваме пред да пристигнеме на бродот кој ќе не одведе кон плоштадот Сан Марко. Започнуваме со разглед на градот со локален водич, Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. По разгледот, се движиме низ улиците на Венеција, уживаме во првичните маски кои ќе се појавуваат од сите страни, ќе уживаме во Отворањето на Карневалите кои оваа година започнуваат со прославата на Сан Валентино, светецот кој ја симболизира љубовта, убавината на животот, уживањето. Во вечерните часови се упатуваме кон хотел. Сместување и ноќевање.
15.02.2025 Сабота
Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон Трговскиот центар Noventa di Piave, кој е аутлет на големите познати брендови. Овде имаме неколку часови за шопинг. По шопингот, се упатуваме кон Падова, каде ќе имаме слободно попладне за прошетка низ центарот на еден од најстарите градови во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање.
16.02.2025 Недела
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Венеција. По многугодишната пауза, токму на овој ден се случува парадата на вода, со многу украсени и шарени бродови, управувани од маскирани луѓе кои преку Гранде каналот и под мостот Риалто ќе го означат официјалниот почеток на карневалите. Слободно време за уживање во карневалскиот дух низ улиците, каналите и плоштадите на Венеција. Во договорено време, групата се собира и се упатува кон автобусот. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
17.02.2025 Понеделник
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
ТА Турист 2024