string(3) "159"
string(0) ""

Мадрид и Валенсија

Мадрид и Валенсија

Држава

Шпанија

Регион

Мадрид

Град

Мадрид

Категорија

Април

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
17.04.2025 - 23.04.2025 Хотели 4* 6 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

17 Април / Авион / 7 дена
Толедо | Хотели 4*

Кралскиот МАДРИД
Мадрид град на сонцето, паркови, традиција и страст, украсен со широки булевари, импресивни палати, пространи плоштади и раскошни фонтани.
Дозволете да ве понесе неговата весела песна и единственото Фламенко, звукот на кастањети, магичната корида и надалеку познатата сангрија!
Гламурозната ВАЛЕНСИЈА
Валенсија футуристички град со богата историја. Совршен спој на средновековната и модерна архитектура, модерни градби и вековна традиција,
Град на науката и уметноста како и најстариот универзитетски град во Европа.
Величественото ТОЛЕДО
Толедо некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска.

2

Толедо со вклучен превоз, Фламенко… 55 Є
3

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје-Истанбул-Мадрид и Валенсија-Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 20 kg
Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х23см до 8 кг)
Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид
Сместување во Хотел Abba Madrid 4* во Мадрид 4 ноќевања со појадок
https://www.abbahoteles.com/en/destinations/abba-madrid-hotel/hotel.html
Организиран превоз од Мадрид до Валенсија
Сместување во Хотел Eurostars Acteón 4* во Валенсија 2 ноќевања со појадок
https://www.eurostarshotels.co.uk/eurostars-acteon.html
Организиран трансфер од хотелот до Аеродромот во Валенсија
Прошетки во Мадрид и Валенсија според програмата (со локален превоз)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Туристичка такса 750 денари (се плаќа во Агенција)
Факултативи:
Посета на Толедо со автобуски превоз 55 евра, Фламенко…
Влезници во локалитетити
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

4

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
Цените се дадени во Є, уплата во денари по курс 1 Є = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

17. Април (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - МАДРИД
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 08:45 часот и пристигнување во 16:50 часот. Трансфер до хотелот со панорамско возење кон “Кралскиот град”, избран за главен град од кралот Филип II во 16 Век, по Авенијата Кастелана преку Плоштадот Кастилја и покрај стадионот “Сантиаго Бернабеу“ на ФК Реал Мадрид. Сместување во хотелот. Вечерта, препорачуваме прошетка по малите плоштади за кафе или популарниот пијалок сангрија, заедно со сендвичот „bocadillo de calamares“. Ноќевање.

Ден 2

18. Април (Петок) МАДРИД
Појадок. Пешачка прошетка низ центарот на Мадрид, (трансфер со локален превоз), по познатата Авенија Гран Виа, (Големата улица) која се карактеризира со високи скалести згради, Плоштадот Пуерта дел Сол, Фонтанaтa Нептуно, Плоштадот Сибелес, Кружен плоштад со фонтана од 18 век, Портата Алкала (Триумфалната порта)… Прошетката продолжува до Шпанскиот плоштад каде има висок бел споменик посветен на Мигел де Сервантес и хероите од неговиот роман „Дон Кихот“, Плоштадот Ориенте, Кралската Палата, Катедралата Алмудена каде се венчаа сегашниот крал Филип VI и Летиција, познатиот Меркадо де Сан Мигел, Црквата Св. Исидор, заштитникот на Мадрид, Плоштадот Мајор… Можност за посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Во вечерните часови, можност за уживање со заводливиот ритам на шпанската музика со уникатните звуци на гитарата и спектаклот на оригиналниот танц Фламенко. Ноќевање.

Ден 3

19. Април (Сабота) МАДРИД
Појадок. Можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат кралски церемонии, гала вечери и приеми… Препорачуваме посета на музејот Thyssen Bornemisza, со преку 800 слики и скулптури, меѓу кои се делата на познатите Караваџо и Рубенс… Слаткарницата San Gines е отворена во 1894 година, тоа е незаменливо место за купување на едно од најдобрите слатки на овој регион „чурос со чоколадо“. Вечерта, можност за посета во тапас баровите во кои се служат традиционалните шпански јадења. Ноќевање.

Ден 4

20. Април (Недела) МАДРИД
Појадок. Прошетка во познатиот парк Ретиро, еден од најубавите и најголемите градски паркови во Европа. Поранешниот кралски имот кој им служел на кралевите како отмено место за  одмор, денес е омилена зелена оаза во центарот на градот, со езеро и градини, каде може да пешачи по живописниот Paseo de la Argentina до Casita del Pescador, Кристалната палата, градината со рози Ла Росаледа. Тука е наоѓа и ЗОО – Аквариумот во Каса де Кампо, се простира на приближно 20 хектари и се смета за еден од најголемите во светот. Во близина е еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Слободно време за индивидуални прошетки и посета на некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.

Ден 5

21. Април (Понеделник) МАДРИД – ТОЛЕДО - ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо, длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Тргнување за Валенсија во попладневните часови. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.

Ден 6

22. Април (Вторник) ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Посета на комплексот “Градот на науките и уметностите”, пример за модерната архитектура, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава. Прошетка до историското јадро на Валенсија, време за ручек во ресторани каде се подготвуваат разни видови на паелја, освежителен сок “horchata” oд бадеми и “agua de Valеncia”, свежо цеден сок и шампањ. Ноќевање.

Ден 7

23. Април (Среда) ВАЛЕНСИЈА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Аеродромот во Валенсија. Лет за Истанбул во 11:35 ч. Пристигнување во Истанбул во 16:35 ч. и полетување за Скопје во 18:55 ч. Слетување во Скопје во 19:30 ч.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1