Сицилија

Сицилија

Држава

Италија

Регион

Сицилија

Град

Палермо

Категорија

Мај

1

6 дена 5 ноќевања
Трансфер Скопје-Тирана-Скопје
Авионски превоз Тирана-Катанија-Тирана
Аеродромски такси
Сите трансфери на Сицилија
1 ноќевања со појадок во Катанија
2 ноќевања со појадок во Џардини Наксос
2 ноќевања со појадок во Палермо
Минимум 15 платежни лица за реализација

2

25. Мај (Сабота)                                СКОПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Состанок на групата на договореното место и поаѓање за Тирана во 04:00 часот. Полетување за Катанија во 11:05 и слетување во 12:45 часот. Трансфер до хотелот во Катанија и сместување. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi... Слободно време за уживање и освежување  со  највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт - гранита. Ноќевање.

26. Мај (Недела)                               КАТАНИЈА – СИРАКУЗА – ЕТНА - ЏАРДИНИ НАКСОС
Појадок. Патувањето продолжува за Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, која античките Грци ја нарекувале Мagna Grecia, позната уште како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортиџа – остатоци од Аполоновиот храм – најстариот грчки храм на Сицилија, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва... Патување со автобус до симболот на Сицилија - вулканот Етна – највисокиот активен во Европа. Патот не води низ пределите, низ кои некогаш поминувала вжештената лава. По пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Пристигнување во хотелот во Џардини Наксос во попладневните/ вечерните часови и сместување. Ноќевање.

27. Мај (Понеделник)                      ЏАРДИНИ НАКСОС - ТАОРМИНА
Појадок. Слободно време за уживање и прошетки покрај море. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина, со јавен превоз, едно од најубавите гратчиња во Италија, изградено на брдото Monte Tauro од каде се пружа фантастичен поглед на околината и брегот. Ова место, познато уште како бисерот на Медитеранот, поради својата положба и шармот, ги привлекува туристите од целиот свет. Прошетка низ горниот дел од градот, во кој се влегува низ Porta Mesina,  пешачката зона Corso Umberto, плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век пне. Таормина е гратче за уживање, добро капучино или аперитиво, на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

28. Мај (Вторник)                              ЏАРДИНИ НАКСОС - ПАЛЕРМО
Појадок. Организиран трансфер до Палермо. Сместување во хотел. Во попладневните часови разглед на главниот град на Сицилија за кој може да кажеме дека е најживописен на островот. На улиците се забележуваат остатоци од бурната историја, уште од времето на Феникијците кои го основале. Во градот има повеќе од 230 цркви, од кои голем дел се постари од 1000 години. Ќе ја видиме Новата Порта, Норманската палата, катедралата – одлична готско-барокна градба пред која се наоѓа статуата на Света Розалија, заштитничката на Палермо, плоштадите Кватро Канти и дел Комуне со фонтаната на срамот, театарот Масимо, ќе се прошетаме по улицата Виктор Емануел... Ноќевање.

29. Мај (Среда)                                  ПАЛЕРМО - МОНРЕАЛЕ
Појадок. Посета на гратчето Монреале, со јавен превоз, оддалечено 7 километри од Палермо, сместено на брдото Monte Caputo. Во него се наоѓа прекрасната катедрала од 12 век, ремек дело на норманската архитектура со познатите златни мозаици на кои се претставени сцени од стариот и новиот завет. Слободно попладне во Палермо. Ноќевање.

30. Мај (Четврток)                            ПАЛЕРМО - КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Можност за посета на некој од многуте локални маркети. Палермо е познат како град со најдобра улична храна во цела Италија, а по последните награди и во цела Европа, така што вкусувањето на овие специјалитети е нешто што треба да се направи. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 21:45, слетување во 23:00 часот и трансфер до Скопје.

3

3

Туристичка такса по лице на ден (се плаќа во објектот) 3 Є
3

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз Тирана-Катанија-Тирана 
  • Аеродомски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
  • Сите трансфери на Сицилија според програмата
  • Сместување во Хотел  во Катанија, 1 ноќевање со појадок
  • Сместување во Хотел  во Џардини Наксос, 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел во Палермо, 2 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи и прошетки според програмата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето 
     

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ценовник

ДатумУслугаТип на собаЦена
25.04.2024 - 30.04.2024 Ноќевање со појадок Двокреветна
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0