Крстарење 02-07.05.2024

Крстарење 02-07.05.2024

Држава

Грција

Регион

Нема регион

Град

Атина

Категорија

Крстарења

1

Цените се дадени по лице за сместување на минимум 2 лица во кабина
Попусти за деца и возрасни, во придружба на 2 возрасни лица:

При сместување во тип на внатрешна кабина IA:
3 и 4 возрасен -80 € (попуст)
2-11 години – 160€ (попуст)
3 месеци до 1,99 години -260 € (попуст)

При сместување во тип на кабина XA:
3 и 4 возрасен -130 € (попуст)
2-11,99 години -190 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -270€ (попуст)

Доплата за пакет ENHANCE:  200 €
Вклучува:
Премиум пакет на пијалоци (возрасни и деца)
Дополнителни 75€ попуст на екскурзии
Интернет Wi-Fi  (1 час на ден)
Попуст до 25% на специјалното мени за јадења

Легенда:
IA – внатрешна кабина на палубата  A ; 
XA – прозорска кабина на  A палуба;

2

СКОПЈЕ – АТИНА 02.05.2024     
Состанок на паркингот кај Дрводекор во 20:00 часот.
Поаѓање кон Грција во 20:30 часот.
Влез во Грција преку граничниот премин Меџитлија.
Ноќно возење со попатни одмори.

АТИНА – МИКОНОС 03.05.2024
Пристигнување во Атина во утринските часови.
Трансфер до пристаништето Лаврион, влез на новиот брод Celestyal Discovery каде што започнува вашата авантура со крстарење по грчкиот архипелаг.
Во 13 часот поаѓање за Миконос.
Опуштете се на бродот со ручек, лежалки покрај базенот и подгответе се за лудата забава што ве очекува во Миконос.
Миконос е модерно летувалиште и еден од најпопуларните грчки острови.
Декориран е со традиционални грчки бели фасади, многу ветерници кои се во контраст со морското синило.
Овде ќе најдете многубројни барови, ресторани, традиционални грчки таверни, елегантни бутици и луксузни хотели скриени во кривулестите улици.
Станува збор за остров кој стана омилена дестинација на џет сетот. 
Најпрепознатливиот дел на Миконос се вика Мала Венеција, со куќи со живописни фасади и шарени балкони.
Слободно време.
Поаѓање на бродот во 23:00 часот. Ноќевање на брод со пловење кон Турција.

КУШАДАСИ – ПАТМОС  04.05.2024
Наутро се будите во Кушадаси, најпопуларното летувалиште на турскиот брег на Егејското Море.
Главен украс на овој прекрасен и чист град се прекрасните песочни плажи кои привлекуваат туристи од целиот свет.
Во архитектурата на местото доминираат европскиот и медитеранскиот стил, па само егзотичните мириси на одличните локални кулинарски специјалитети ве потсетуваат на класичниот Ориент.
Тргнување на бродот во 13:00 часот.
Ручек на бродот и слободно време за одмор  до пловењето до Патмос – еден од најмалите грчки острови во Егејското Море, кој е украсен со прекрасни плажи, луксузни вили  и манастирот Св.Јован Благослов, кој порано бил моќна тврдина против пиратите, а денес е познат како религиозен храм со една од највредните манастирски библиотеки во светот.
Слободно време. Поаѓање на бродот во 21:30 часот. Ноќевање на бродот. 

КРИТ (ХЕРАКЛИОН) – САНТОРИНИ 05.05.2024
Наутро пристигнуваме во Крит,  островот познат уште од античко време како вистински бисер на Медитеранот. Прекрасни плажи, кристално чисто море, маслинови градини, планини, клисури, пештери и висорамнини нудат за секого по нешто, од активни одмори до екскурзии, разгледување знаменитости и спортски активности. Крит е остров на контрасти, каде модерните туристички понуди постојано се испреплетуваат со бесмртна традиција и историја. Хераклион е главен град на Крит и четврти по големина град во Грција. Овде ќе го најдете Археолошкиот музеј со репрезентативни примери на минојската култура и прекрасната катедрала Агиос Минас, која може да прими до 8.000 луѓе и има одлична акустика. Слободно време до поаѓање на бродот во 12:00 часот. Ручек и одмор на бродот. Во 16:30 часот, пловење кон Санторини – еден од најубавите бисери меѓу грчките острови, кој настанал како резултат на вулканска ерупција и го создал митот за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓа токму овде. Впечатокот што го остава прекрасниот вулкански регион го надополнуваат љубезноста на домаќините, бројните плажи со црн вулкански песок покрај чистото Егејско Море и селата изградени на стрмни клисури со бело-сини куќи карактеристични за кикладската архитектура.. Слободно време. Поаѓање на бродот во 21:30 часот. Ноќевање.

АТИНА – МАКЕДОНИЈА  06.05.2024
По неколку прекрасни денови пловење се враќаме во Атина. 
Напуштање на бродот во утринските часови.
Пред заминување за Македонија, панорамско разгледување на Атина. 
Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни застанувања за одмор.

МАКЕДОНИЈА
Попатни одмори, царински формалности.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

3

АНТИЧКИОТ ЕФЕС И ТЕРАСЕСТИТЕ КУЌИ 113 Є
АНТИЧКИОТ ЕФЕС НИЗ ВЕКОВИТЕ 98 Є
МАНАСТИРОТ СВ. ЈОВАН – ПЕШТЕРАТА НА АПОКАЛИПСАТА (Патмос) 77 Є
МИНОЈСКАТА ПАЛАТА ВО КНОСОС – КРИТ 81 Є
СПЕКТАКУЛАРНОТО СЕЛО - САНТОРИНИ 81 Є
3

3

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со туристички автобус Скопје-Атина-Скопје попатно, Велес, Дреново, Прилеп, Битола
Сместување во кабини од понудениот избор на новиот брод Celestyal Discovery
Пристанишни и други такси
Бакшиш
Полн пансион (појадок, ручек и вечера)
Селектирани пијалоци вклучени во оброците во главниот ресторан (не важи во специјални ресторани)
Дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација
Попуст на екскурзии од 75 € по лице (со резервација пред поаѓање)
Забава и дневни активности на брод

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Останати екскурзии
Услуги во салон за убавина и СПА центар
Интернет
Медицински услуги
Патничко осигурување
Доплата за пакет ENHANCE (200 €)
Трансфер од Струга и Охрид, Ресен- 10 Є по лице, Штип 15 Є

4

Резервација со 50% уплата, остатокот се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање

Отказен рок 
до 30 дена пред поаѓање се наплаќа 50%, 
од 29-0 дена пред почетокот на крстарењето се наплаќа 100%

Важат општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ценовник

ДатумУслугаТип на собаЦена
05.02.2024 - 05.07.2024 Полн пансион Внатрешна кабина тип (IA)
02.05.2024 - 07.05.2024 Полн пансион Двокреветна
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0