string(2) "53"
string(0) ""

Крстарење

Крстарење

Држава

Шпанија

Регион

Каталонија

Град

Барцелона

Категорија

Крстарења

Промо цена - внатрешна кабина






discount_desc: Промо цена - внатрешна кабина | discount_type: 0



ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
01.01.1970 - 07.10.2024 Voyager of the Seas 7 полни пансиони + 1 ноќевање појадок Внатрешна кабина Возрасен
01.01.1970 - 07.10.2024 Voyager of the Seas 7 полни пансиони + 1 ноќевање појадок Прозорска кабина Возрасен

1

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ СО БРОД
ROYAL CARIBBEAN VOYAGER OF THE SEAS
(29.09.2024 - 07.10.2024)
Западен Медитеран со посета на Барселона, Валенсија, Тулон, Ница, Корзика и Ливорно
Авио билет,
Ноќевање во Барселона,
Водич на српски јазик,
8-дневно крстарење со вклучени пристанишни такси, сите трансфери

За реализација на патувањето потребни се минимум 30 патници

Услови и начин на плаќање:
•Цените се изразени во евра и во денари, а плаќањето се врши исклучиво во денари
При пријавување и склучување договорот за патување потребно е да се уплатат 40% од вкупната вредност на
аранжманот, а остатокот најдоцна 20 дена пред поаѓање
Казнени пенали во случај на откажување:
До 65 дена пред поаѓање - 300 евра по лице
Од 64 до 35 дена пред крстарење - 80% по патник
Од 34 до 0 дена пред крстарење - 100%

Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со правилата на Royal Caribbean Cruises
Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење или да направи други промени
поради непредвидени околности по меѓународните прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат
Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени
околности.
Организаторот на патувањето не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни документи за ова
патување, како и одговорност доколку одделот за имиграција на странската држава на учесникот на патувањето не му
дозволува влез во земјата
Сите кабини се загарантирани, што значи дека категоријата на кабината и нивната позиција на бродот не се познати до
пред поаѓањето
Во хотелот третиот и четвртиот кревет се помошни, а на бродот има или софа на развлекување за едно или две лица, или
кревети на спрат
За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.

2

3

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Автобуски превоз на релација Кавадарци-Скопје-Белград и обратно
Авионски билети Белград - Барселона и Фиумичино - Белград
Аеродромски такси
(дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж)
Сите трансфери: аеродром - хотел - пристаниште - аеродром
Ноќевање со појадок во хотел SB Icaria 4* во Барселона
Туристички водич на српски јазик за време на целото патување и крстарење
Туристички придружник од Македонија
8-дневно крстарење со Voyager of the Seas (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), полн пансион со разновидни јадења, вода од автомат, кафе, чај, ужина, гала вечера, тематски вечери, базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар, различни дневни активности, услуга за качување и истовар на личен багаж
Пристанишни такси во износ од 286 €
Задолжителна доплата на бродот:
Бакшишите за персоналот на бродот се задолжителни и се плаќаат на бродот: 112 долари по лице за целото крстарење (Бродарот може дополнително да го промени износот на бакшишот)
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Индивидуални трошоци
Факултативни екскурзии (Барселона, Валенсија, Тулон, Ница, Ајачио, Ливорно)
Лични трошоци (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во барот/ресторанот, здравствени третмани и третмани за убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
Задолжителна полиса за патничко здравствено осигурување
Деца до 12 години во внатрешна кабина со две лица кои плаќаат полна цена – 70% од аранжманот
Доплата за 1/1 кабина – 80%

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

29.09.2024 (недела)    Кавадарци-Скопје-Белград-Барселона
04.30 ч. Заминување на групата од Кавадарци и во 06.00 ч. од Скопје кон Србија.
Пристигнување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, состанок на групата во 14:40
Очекувано време на полетување во 17:10 ч. Белград – Барселона.
Слетување на аеродромот „Ел Прат“ во 19:50 ч.
По завршените гранични формалности, трансфер со автобус и сместување во хотел „SB Icaria“ 4*. Ноќевање.

Ден 2

30.09.2024 (понеделник)     Барселона, Шпанија
По појадокот, напуштање на хотелот и разгледување на Барселона.
Трансфер до пристаништето и качување на бродот Voyager of the Seas.
По завршување на формалностите, сместување во кабините, ручек на палубата.
11 во ресторанот Windjammer на шведска маса.
Главниот град Каталонија е еден од најпосетуваните градови на Медитеранот.
Неодоливата привлечност на Гаудеовите архитектонски дела сеуште е ненадмината: Sagrada Familia, Casa Mila и Casa
Batllo мора да се видат, а метежот и вревата на Ramblas и Готскиот кварт да се доживеат.

Ден 3

01.10.2024 (вторник)    Валенсија, Шпанија
Валенсија е трет по големина град во Шпанија и главен град на автономната област Валенсија. Градот е основан во времето на Рим во II век п.н.е. кога го добил името Валентиа, што во превод значи „сила“. Архитектонска целина на средновековниот град е одлично зачувана и се гордее со Катедралата од XIII век, потоа со Lonja de la Sede – „Берзата на свилата“, капијата Serranos…
Понова атракција на Валенсија е Ciudad de las Artes y las Ciencias - „Град на уметностите и науките“ - спектакуларно архитектонско дело на архитектот Santijaga Kalatrava..

Ден 4

02.10.2024 (среда)    Ден на море
Бродот Voyager of the Seas е првиот брод од класата Voyager и е изграден во 1998 година во бродоградилиштето Kværner Masa-Yards во градот Турку во Финска, по цена од околу 650 милиони долари, а целосно е реновиран во 2019 година.
Бродот е долг 311 метри и широк 37 метри, со бруто тежина од 138.194 тони.
Бродот има 14 палуби достапни за патниците со вкупно 1715 кабини и максимален капацитет од околу 3.800 патници за кои се грижи екипаж од околу 1.200 членови. Voyager of the Seas нуди многу содржини кои им се на располагање на патниците: централна зона Royal Promenade долга 120 метри, продавници, главен ресторан на три нивоа, Windjammer Buffet Restaurant, три базени, џакузи, Sea Spa, Casino Royale, Star Lounge, панорамски бар Viking Crown Lounge и други барови и салони...
За најмладите издвоен е посебен дел само за нивната игра и забава. За крстарењето да биде во секој момент интересено ќе се погрижи Royal Theatre на две нивоа со 1.300 седишта со претстави во стилот на Бродвеј, лизгалиштето Студио Б со 600 седишта, кино на отворено, laser tag, симулатор за сурфање, теретана, спортски терен за кошарка, вештачка карпа, воден тобоган, мини голф...
Компанијата Royal Caribbean нуди врвно доживување за време на крстарењето со одлична услуга и незаборавни содржини.

Ден 5

03.10.2024 (четврток)    Тулон, Франција
Тулон е пристанишен град на брегот на Прованса и е познат по најголемата поморска база на француската армија. Во пристаништето се наоѓа познатиот Поморски Музеј со богата изложбена поставка. Градот е опкружен со стрмни варовнички планини а бреговите се исполнети со стрмни карпи и мали заливи. Недалеку од Тулон се наоѓа и Марсеј, вториот по големина град во Франција.

Ден 6

04.10.2024 (петок)    Ница, Франција
Азурниот брег е веројатно најпознатиот туристички регион во светот, и тоа со добра причина. Пријатна клима, сина боја на морето и секогаш сончевото небо ги привлекуваат патниците од сите страни на светот во текот на целата година. Ница е најголемиот град во регионот; стариот град Ница, Англиското шеталиште и Плоштадот Масена се дел од целата приказна. Во близина се наоѓа и Кнежевството Монако.

Ден 7

05.10.2024 (сабота)    Ајачио (Корзика), Франција
Главниот град на бунтовната Корзика го дала најславниот Французин на сите времиња, Наполеон Бонапарта. Родната куќа на големиот Корзиканец е најпосетеното место во градот, како и неговиот споменик од кој се простира прекрасен поглед на морскиот брег. Тука ќе се чувствувате како истовремено да сте и во Франција и во Италија, а сепак ќе бидете на посебната Корзика.

Ден 8

06.10.2024 (недела)    Ливорно, Италија
Ливорно е пристанишен град на брегот на Тоскана и е почетна точка за истражување на оваа позната област. Недалеку се наоѓа Пиза, еден од најпознатите градови во Италија и можеби најпознатиот плоштад во Европа-Плоштадот на чудата со својот раскошен архитектонски комплекс кој се состои од Катедралата, Крстилницата и Кривата Кула. Во срцето на Тоскана е сместена и Фиренца во која е родена ренесансата, а денес тоа е најбогатиот град во светот со најголемото уметничко богатство. Прошетајте низ прекрасните плоштади, улици и мостови по кои оделе Данте, Да Винчи,
Микеланџело, Макијавели...

Ден 9

07.10.2024 (понеделник)    Рим-Белград
По појадокот го напуштаме бродот и имаме организиран трансфер до аеродромот Леонардо Да Винчи. Лет со Air Serbia на релација Фиумичино - Белград со очекувано време на полетување во 14:40 часот и слетување на аеродромот Никола Тесла во Белград во 16: 15 часот. По завршување на сите формалности, трансфер со автобус од Белград до Скопје и Кавадарци.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Попуст
tekst

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1