Хрватска
Истра
Пореч
Септември
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
28.09.2024 - 02.10.2024 | Porec 3* | 3 ноќевања со појадок | Двокреветна | Возрасен |
Септемвриска екскурзија во Истра
Пореч-Грожњан-Мотовун-Бриони-Пула-Ровињ
28.09.2024 – 02.10.2024
Влезница за островот Бриони | 0 Є |
Органиран лов на тартуфи и дегустација | 0 Є |
Излет до Грожњан и Мотовун | 0 Є |
Бродски билет Фажана-Бриони-Фажана | 0 Є |
Во цената се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Три ноќевања со појадок во хотел „ Porec“ 3*** во Пореч
Локален туристички водич во Пореч, Бриони, Пула, Грожњан, Мотовун, и Ровињ
Бродски билет на релација Фажана-Бриони-Фажана
Влезница за островот Бриони со водич на хрватски јазик
Излет до Грожњан и Мотовун
Органиран лов на тартуфи и дегустација
Билет за локален автобус до градот Мотовун
Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
Доплата за еднокреветна соба 85 Є
Туристичка такса 1.60 Є по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
28.09.2024 (сабота)
Поаѓање на групата од Кавадарци во 16;30 часот и од Скопје во 18;00 часот (пред туристичките агенции во Кавадарци и Скопје ) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
29.09.2024 (недела)
Пристигнување во Пореч во пладневните часови. Сместување во хотел „Porec“ 3 *** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пореч, градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.
30.09.2024 (понеделник)
Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континенталниот-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун. Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 280 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси секојдневно на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри високиот рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Блиската шума под градот е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија. Пред да започнеме со организираниот разглед ќе имате можност да ја доживеете авантурата лов на тартуфи следејќи ги во шумата дресираните кучиња кои неуморно го бараат „Златото од Истра“, богатството скриено на 10-20 см под Вашите нозе. После ловот кој е несекојдневно доживување и вистинска релаксација, се упатуваме на дегустација на тартуфи во традиционално домаќинство Миро Тартуфи ( http://miro-tartufi.com/en/), па следува организиран разглед на градот кој има богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците... Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати истарски сорти -теран и малвазија. Во доцните попладневни часови враќање во Пореч. Ноќевање
01.10.2024 (вторник)
Појадок. Заминување на групата на целодневен излет во приморскиот-синиот дел на Истра со посета на Националниот парк Бриони и градот Пула. Најпрво се упатуваме кон местото Фажана од каде со брод заминуваме кон Бриони, местото кое е познато како некогашна резиденција на претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Легендата вели дека ангелот посакал дел од Земјата да го обликува според сликата од Рајот. Така настанала Истра. Но љубоморниот ѓавол го уништил неговото дело истурајќи ја вреќата во која ангелот ги носел остатоците од неискористените камења, па илјадници камени карпи се распослале по истарската земја. Растажените ангели ги собрале деловите од рајот останати меѓу камењата и ги заштитиле со морски бранови. Така настанал архипелагот Бриони, составен од два големи и неколку помали острови-вкупно 14 кои ја сочинуваат единствената убавина на Истра од кои најголемиот е Голем Бриони чиј разглед трае четири часа во придружба на локален водич на хрватски јазик. Автохтони растенија, ливади на кои безгрижно пасат елени и муфлони, археолошки локалитети како и сафари паркот во кој заедно живеат зебрите, сомалиските овци, индиските говеда, лама, но и истарските овци, кози и говеда се само дел од излетничката програма која делумно ќе се реализира со туристички воз. Во текот на разгледот се посетуваат малата готска црква Св. Германа од 15-от век со постојана изложба на копија на фрески, како и Брионската градина која претставува врвна атракција со 169 различни видови автохтони билки. За време на поранешна Југославија островите биле летна резиденција на претседателот Тито, за што сведочи богата музејска збирка фотографии „Тито на Бриони“ . Островот може да се пофали со еден од најголемите голф терени во Европа. По завршувањето на разгледот се враќаме повторно назад во Фажана, а оттаму заминуваме кон Пула, најголем град на истарскиот полуостров кој според преданието го основале уморните морепловци од стара Хелада кои сакале да се скријат во заливот. Пула се споменува уште во грчката митологија во приказната за Јасон и Медеј кои го украле златното руно. Најголемата туристичка атракција во градот е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри изграден во првиот век кој популарно го нарекуваат Арена каде денес се организираат концерти, филмски фестивали и многу културни настани. Разглед на Пула со локален туристички водич. Во вечерните часови враќање во Пореч. Ноќевање.
02.10.2024 (среда)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати... Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во четврток, на 03.Октомври во раните утрински часови
ТА Турист 2024