Грција
Тракија
Кавала
Септември
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
05.09.2024 - 09.09.2024 | Oceanis 4* | 4 ноќевања со појадок | Двокреветна | Возрасен |
ПРАЗНИЧЕН МИНИ ОДМОР ВО КАВАЛА
Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос
05.09.2024 – 09.09.2024
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со автобус на наведената релација
Четири ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 *
Организиран разглед на градот
Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за фериброд
Посета на плажата Ammolofoi Beach (Nea Peramos).
Посета на туристичкото место Ираклица
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко осигурување
Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)…1,5 евро по лице од вечер
Доплата за еднокреветна соба.....64 евра (за четири ноќевања)
Деца до 6 г. бесплатно доколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица,
Деца од 2-6 г. плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
05.09.2024 (четврток)
02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 03:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** ( https://www.oceaniskavala.gr/ ), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и за плажа (во близина на хотелот е градската плажа во Кавала, а на последниот спрат од хотелот има отворен базен). Во попладневните часови организирано разгледување на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.
06.09.2024 (петок)
Појадок. Во претпладневните часови организирана посета на преубавата плажа Ammolofoi Beach (Nea Peramos). Слободно време за плажа, а во договореното време враќање назад во хотелот. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
07.09.2024 (сабота)
Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија - клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледувањето на манастирот заминуваме кон една од најубавите плажи на Тасос - Aliki. Слободно време за плажа. Во попладневните часови заминување на групата кон традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) со специфична архитектура на куќите. Посета на трите извори со студена чиста вода која тече надолу од планините до селото по канали кои го пленат секој кој ќе ги види. Враќање во Лименас, а потоа со фериброд во Керамоти. Ноќевање.
08.09.2024 (недела)
Појадок. Во претпладневните часови организирана посета на преубавата плажа Ammolofoi Beach (Nea Peramos). Слободно време за плажа, а во договореното време враќање назад во хотелот. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
09.09.2024 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Неа Ираклица, едно од најпознатите туристички места во близина на Кавала. Слободно време за плажа и ручек (факултативно). Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ТА Турист 2024