Обединети Арапски Емирати
Дубаи
Дубаи
Ноември
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
13.11.2024 - 19.11.2024 | Ibis one Central 3* | 5 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Цената е за целосна уплата при резервација, без право на промена на име или отказ.
Цените се пакет цени дадени по лице за сместување во стандард двокреветна соба за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Детали за летот
TK1006 13NOV SKPIST 2035 0015*/ TK 762 14NOV ISTDXB 0125 0650
TK 761 19NOV DXBIST 0250 0645 / TK1003 19NOV ISTSKP 0810 0745
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
Превземање соба по 14;00 ч, одјавување до 12; ч.
Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
Важни напомени:
За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: [email protected]). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
Напомена !
Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1Є = 62 мкд )
Крстарење (по 19 часот, околу 3 часа со трансфер од/до хотел) | 70 Є |
Градска тура Dubai city tour (4 часа) за 8-12 лица | 60 Є |
Burj Khalifa (само влезници - normal hours/ | 45 Є |
Burj Khalifa (само влезници prime hours 15;30-18;00 часот), за 124 кат. | 65 Є |
Пустинско сафари (со скара - после 14.30-21;00 часот | 55 Є |
Целодневна тура Абу Даби (7 часа) 8-12 лица | 90 Є |
Посета на Miricle Garden & Global Village | 60 Є |
Цената вклучува:
Повратен авионски билет на релација Скопје–Истанбул–Дубаи–Истанбул–Скопје
Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи;
5 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ ноќевање со појадок
Организација и реализација на патувањето
Локална асистенција во Дубаи (претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
Влезна виза за Дубаи 95Є по лице (задолжително за сите лица)
Патничко здравствено осигурување
Факултативни излети и опционални индивидуални тури - на барање (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
Останати тури и индивидуални излети – на барање
Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (Tourism Dirham, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 Є по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
*** Минимум за реализација на групно патување 15 лица
Услови на плаќање:
Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00.
Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација.
Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
Начин на плаќање:
Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
13.11.2024 - Полетување од Скопје во 20:35 часот.
14.11.2024
Слетување во Истанбул во 00:15 часот. Полетување за Дубаи во 01:25 часот на 14.11 и слетување во Дубаи во 06:50. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез после 14:00ч.
Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.
Факултативни ексурзии - ноќно крстарење Dhow Cruise/ после 19;00 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) 70 Є по лице
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).
15.11/24
Факултативни ексурзии - Градска тура Дубаи City tour (4 часа) – 8-12 лица 60 Є по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа)
Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија на хотелот Atlantis (од плажата The Point која е спроти хотелот). Попатно ја гледаме и Марината. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање и кратка кафе пауза во Madinad Jumairah или Мала Венеција (од каде најубаво се фотографиранј хотелот Burj Al Arab). Нашата тура завршува во Burj Kalifa / Dubai Mall каде се фотографираме. Остануваме во тргиовсиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (Само влезници 45 Є normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 Є), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.
*****10 ГРАТИС ПОСЕТИ МОЖНОСТ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗА ПРВИТЕ 6 ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ, ДОКОЛКУ СЕ ЗЕМЕ ГРАДСКА ТУРА ДУБАИ!!!*****
- Dubai Mall - најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен избор на храна и пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
- Burj Khalifa - е највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот.
*Во излетот не е вклучена влезница за качување на 124ти и 125ти кат на Burj Khalifa, која чини 47 € по-човек (влезницата треба да се обезбеди однапред -- при пријава или доплата на целосниот аранжман)
- Souk Al Bahar - е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.
- Palace Downtown - Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува уникатен спој на минатото и сегашноста на Дубаи.
- Wings of Mexico - скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
- Dandelion light sculpture - Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот. Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња идеално поставени покрај патот до операта во Дубаи.
- Dubai Opera - Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на наследството на Дубаи -- како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот белег на растот, гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
- Dubai Fountain - Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот перформанс со вода, музика и светлина.
- Dubai aquarium - Со капацитет да собере 10 милиони литри вода, Дубаи Аквариум е еден од најголемите внатрешни аквариуми во светот (во внатрешноста на трговскиот центар Дубаи)
- Waterfalls - Водата се спушта надолу од околу 30' и има извонредни нуркачки фигури пред водата.
16.11.2024
Факултативна ексурзија - попладне Пустинско Сафари со скара и традиционална вечера - после 14;30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) 55 Є по лице
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор (каде со доплата може во пустина да возите Атв И Баги) , продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
17.11/24
Факултативна екскурзија - целодневна тура Абу Даби (7 часа) - 8-12 лица – 90 Є по лице/ на српски јазик/ без вклучен ручек (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*), кој го гледаме панорамски – тука има можност да влезете пиете кафе со злато со претходна резервација и доплата. После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката на краток стоп за сликање и посета на сувенирница. Напомена: Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама
18.11.2024
Одјавување од хотелот во 11-12;00 часот слободно предпладне за индивидуални активности. Попладне тура посета на Miricle Garden и Global Village 60 Є по лице. Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Трансфер до хотел (за да го земеме багаж) и го трансфер до аеродором.
19.11.2024
Полетување од Дубаи за Истанбул во 02;50 часот. Слетување во Истанбул во 06;45 часот и полетување за Скопје во 08;10 часот. Слетување во Скопје во 07;45 часот.
ТА Турист 2024