Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата платена резервацијата, се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата, доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден. Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции доколку е тоа можно.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.