1 ден |12.02.2027 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот.
Полетување за Прага со авиокомпанијата Wizz Air во 06:15 часот.
Пристигнување во Прага во 08:20 часот. Пасошки и царинските формалности. Организиран трансфер од аеродром до сместувањето Hotel Taurus 4★.
Слободно време за ручек и пријавување во хотелот, согласно хотелските правила.
Факултативна вечера во средновековната таверна Pavuka или слична.
Ви предлагаме уникатно доживување во средновековна атмосфера, каде што ќе се вратите неколку векови наназад. Вечерата е проследена со настапи на мечувалци, сценски борби, ориентални танци, жонглери, историска музика и огнено шоу.
Менито вклучува предјадење, супа, две главни јадења со прилози и салата, како и десерт. Достапни се и опции без свинско месо и вегетаријанско мени. Можност за пакет со неограничени пијалаци, вклучувајќи пиво.
- Поаѓање од хотелот: 15:30 часот
- Цена: 70 € по лице
- Активноста е факултативна и со претходна резервација.
- Враќање во хотелот. Ноќевање.
2 ден |13.02.2027 ПРАГА: ИСТОРИСКОТО СРЦЕ НА ГРАДОТ Појадок во хотелот.
Пешачка тура низ Прага – 2,5 до 3 часа ( вклучено во цена)
Откријте ја магијата на Прага со водич низ историскиот Стар град. Прошетајте низ познатиот Староградски плоштад, разгледајте го прочуениот Астрономски часовник и продолжете кон легендарниот Карлов мост, запознавајќи се со богатата историја, архитектурата и интересните приказни на градот.
Турата завршува во стариот дел на Прага, каде што ќе имате слободно време за индивидуално истражување, кафе или ручек.
Слободно време за ручек и индивидуално разгледување на градот. Враќање во хотелот и време за одмор.
Факултатива Тура ноќниот живот во Прага - барови и клубови
Започнете ја вечерта со меѓународна група и професионални водичи за ноќен живот. Во првиот бар имате 2 часа неограничени пијалаци, забава и натпревари со награди.
Потоа, во придружба на водичите, посетете 3-4 популарни барови и клубови во Прага. Во секој од нив е вклучен по еден пијалак - добредојде.
Вечерта завршува во познатиот клуб Karlovy Lázně, со ВИП влез без чекање во ред.
Почеток: 19:45 часот. Во првиот бар се вклучени 2 часа неограничени пијалаци: пиво, вино и избрани жестоки пијалаци со миксери.
Цена: 35 € по лице.
Двете вечерни активности се факултативни и се алтернативни избори поради преклопување на вечерните термини. Потребна е претходна пријава и резервација.
Ноќевање во хотелот.
3 ден |14.02.2027 INSTAGRAM ТУРА И ВЕЧЕРНА ПРОГРАМА ( Крстарење)
Појадок во хотелот.
По појадокот пешачка Instagram тура со придружникот на групата низ најфотографираните локации во Прага.
Предвидени фото-локации:
1. Charles Bridge (Карлов мост)
2. Најтесната улица – U Lužického semináře
3. John Lennon Wall
4. Kampa Island
5. Čertovka Canal и Grand Prior’s Mill
6. St. Nicholas Church
7. Malostranské náměstí
8. Nerudova Street
9. Hradčany Square
10. Prague Castle и St. Vitus Cathedral
Турата има околу 2,5–3,5 km и трае околу 3–4 часа, со паузи за фотографирање. По завршувањето на турата – слободно време за ручек и индивидуални активности.
Враќање во хотелот и слободно време за одмор.
Факултативна вечерна програма – крстарење по реката Влтава со вечера (Valentine Night)
Уживајте во вечерната атмосфера на Прага за време на крстарење по Влтава, со вечера и прекрасен поглед кон осветлените градски знаменитости.
Цена: 30 € по лице. Активноста е со претходна резервација.
4 ден | 15.02.2027 ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок во хотелот.
Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Прага.
Поаѓање од хотелот во 09:00 часот.
Полетување за Скопје со авиокомпанијата Wizz Air.
Предвидено пристигнување во Скопје во 15:10 часот.
Крај на програмата.