Hotel Alegria Fenals Mar

Hotel Alegria Fenals Mar

Држава

Шпанија

Регион

Коста Брава

Град

Лорет де Мар

Категорија

Лето

Овие цени се за ноќевање/појадок, за уплата до 15.03.2025 добивате гратис ПОЛУПАНСИОН во Шпанија



Датум од

Датум до

Цена по лице


ПериодDBL
12.06.2025 - 24.06.2025
18.06.2025 - 30.06.2025
10.07.2025 - 22.07.2025
24.07.2025 - 05.08.2025
21.08.2025 - 02.09.2025
27.08.2025 - 08.09.2025
02.09.2025 - 14.09.2025
08.09.2025 - 20.09.2025
Капацитет3

1

1 ден  СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во 12.00ч.  Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден  ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија
Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.
Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4-10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови.
Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне.
Престој 6 ноќевања со појадок, (доплата за 6 полу пансиони)
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,EMPURIA BRAVA – Шпанска Венеција, FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови како и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови.
Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.
Кан, познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели.
Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.
Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала на патот кон Ница.
Ница, Кралица на Француската Ривиера....
Хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.
Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање

12. ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ - МОНАКО
Појадок. Напуштање на хотелот.
Се упатуваме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег.
Поминуваме покрај средновековниот град Ез, посета на фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез.
Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.
Продолжуваме кон Монако.
Целодневен (9 часа) престој во гламурозната Кнежевина Монако.
Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички...  
Пеш кон Монте Карло, пристаништето со луксузни јахти до патеката каде се вози Формула1.
Слободно време за индивидуални прошетки и посети.
Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на Монте Карло за да го доловиме гламурот и сјајот на неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина.
Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

13 ден  МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови
 

Гратис ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2025
Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија после 15.Март.2025 : 60 Є / деца 30 Є
Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 Є / деца 30 Є
НП – ноќевање со појадок

Цени по лице – 8 ноќевања/појадок + автобуски превоз

Alegria Fenals Mar 3*

 

Јуни

Јули

Август

Септември

 

 

12

18

10

24

21

27

2

8

По лице во 1/2 соба

НП

579

599

649

659

599

589

579

579

1-во дете 2-11 г.

НП

515

535

569

579

529

525

525

525

Цените се во Є се плаќа во денари 1 Є = 62 денари

Цената на аранжманот клучува:
Превоз со турисстички автобус (клима, ТВ, видео)
6 Ноќевања со појадок во одбран хотелво Лорет де Мар
Доплата за /полупансион/полн пансион.  
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница)
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето
Сместувањеи услуги во дво/трикреветни соби
Туристички придружник на патувањето
Организација на аранжманот

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Задолжително патничко осигурување: (обврска на патникот)
Задолжителна целодневна посета на Верона ( 10 € )
Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7€ 
(таксата задолжително се плаќа во агенција)
Туристичка такса на ден за хотели Шпанија: 1 € хотел со 3* / 1,50 € хотел со 4* 
(се плаќа на лице место на рецепција при сместување)
Задолжителен пакет излети Азурниот брег:
Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 € по лице
Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот
Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција

Задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ и Верона, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија.
Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

  • Бар со летна тераса
  • Телевизор
  • Безжичен интернет
  • Надворешен базен
  • Менувачница
2

Лоциран на 250 метри од морето, хотелот Alegria Fenals Mar со 3*
Има 161 комфорни соби, некои од нив се со балкон.
Двокреветни и трикреветни соби ( големината на собите е 13м2 )
Во хотелот се служи појадок.
 

  • Безжичен интернет
  • Фен
  • Крпи
  • Купатило со туш
3

Организиран автобуски превоз

4

Редовната цена на аранжманот после 15 Март, е според табелата, на база ноќевање со појадок
Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
Патниците се должни да поседуваат пасош со рок на траење од минимум 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
НП – Ноќевање со појадок, 
ПП - Полупансион – (појадок + вечера), 
П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
Магичните фонтани последните 2 години не работат поради рестрикција на вода. Дали во 2025 год ќе работат или не, зависи од одлуката на надлежните.
Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената.
Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус.
Нема можност за доплата за празно седиште.
Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

12.03.2025 - 13.03.2025

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0 мкд

Доплати
Цена за доплатите

0 мкд

Вкупна цена

0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
0
Деца
0
Резервација

Патници

Возрасни
0
Деца
0
Бебиња
0