Hotel Alegria Mariner

Hotel Alegria Mariner

Држава

Шпанија

Регион

Коста Брава

Град

Лорет де Мар

Категорија

Лето

Доплата за 6 полупансиони во Шпанија: возрасен 60Є / деца 30Є



Датум од

Датум до

img

0 Є

Цена за 2 возрасни

Цена по соба


ПериодDBL
12.06.2024 - 24.06.2024
18.06.2024 - 30.06.2024
11.07.2024 - 23.07.2024
25.07.2024 - 06.08.2024
15.08.2024 - 27.08.2024
29.08.2024 - 10.09.2024
04.09.2024 - 16.09.2024

1

1 ден  СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во 12.00ч.  Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден  ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија
Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.
Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4-10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови.
Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне.
Престој 6 ноќевања со појадок, (доплата за 6 полу пансиони)
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,EMPURIA BRAVA – Шпанска Венеција, FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови како и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови.
Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.
Кан, познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели.
Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.
Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала на патот кон Ница.
Ница, Кралица на Француската Ривиера....
Хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.
Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање

12. ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ - МОНАКО
Појадок. Напуштање на хотелот.
Се упатуваме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег.
Поминуваме покрај средновековниот град Ез, посета на фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез.
Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.
Продолжуваме кон Монако.
Целодневен (9 часа) престој во гламурозната Кнежевина Монако.
Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички...  
Пеш кон Монте Карло, пристаништето со луксузни јахти до патеката каде се вози Формула1.
Слободно време за индивидуални прошетки и посети.
Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на Монте Карло за да го доловиме гламурот и сјајот на неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина.
Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

13 ден  МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цената на аранжманот вклучува:
Туристички автобус со клима, ТВ, видео.
6 Ноќевања со појадок/полупансион/, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу-Ница).
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
Целодневна посета на Верона.
Сместување и услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.
Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Задолжително патничко осигурување: 520 денари ( се плаќа во агенција).
Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7€ (се плаќа во агенција).
Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на рецепција при сместување).
Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25 € по лице.
Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 €  по лице.
Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).
Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
Девизниот дел, задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

2

Лорет де Мар е една од најатрактивните дестинации во цела Коста Брава.
Хотелот има вкупно 108 соби.
Реновиран во 2016 година со практичен, современ ентериер, за мирен и лежерен одмор. 
Исклучителната локација на хотелот, на само 50 метри од морето.

  • Купатило со туш
  • Клима уред
  • Фен
  • Безжичен интернет
  • Балкон
  • Фрижидер
  • Централно греење
  • Сеф во соба
  • Телевизор
3

Организиран автобуски превоз

4

Земја со богата историја, традиција и култура.
Земја на Фламенгото, коридата и виното.
Сончева, топла и возбудлива 24 часа.
Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови…
Го избравме најпознатиот центар наКоста Брава –  Лорет де Мар
Исто и гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона. 

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

18.06.2024 - 23.06.2024

Соба
Немате избрано соба.

Доплати
Цена

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
2
Деца
0
Бебиња
0
Резервација

Патници

Возрасни
2
Деца
0
Бебиња
0