string(3) "116"
string(0) ""

La Plagne -Alpi

La Plagne -Alpi

Држава

Франција

Регион

Алпи

Град

Ла Плагне

Категорија

Зима

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
03.01.2025 - 12.01.2025 Residence “Le France’’ Наем Студио 0725 2 возрасни

1

FIRST MINUTE цена: За уплата до 10.10.2024     
По 10.10.2024 цената се зголемива за сите категории по 50€ на лице

La Plagne – гигантот на француските Алпи, и едно од најдобрите Француски скијалишта. Ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со Les Arc, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри во Европа. Paradiski (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски/борд патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан. 70% од ски патеките се над 2000 м.
Наша препорака е да земете “Esential ski pass за Paradiski регионот.
La Plagne располага со 225 км ски стази, поврзани со Les Arc кој има 200 км стази.
Ски населба со богата Apres Ski содржина.
Многубројни пабови, ресторани, продавници...
*  Paradiski во бројки:
*  425 км скијашки патеки
*  262 скијашки стази: 19 зелени, 130 плави, 78 црвени, 35 црни
*  122 жичари
*  958 снежни топови
*  40 км турно скијање
*  Глечери и шуми, од 1200 м до 3250 м надморска висина
*  2 врва преку 3000 м
*  70 % од скијалиштето е над 2000 м
*  Ски врска со Гондолата Les Arcs/Peisey-Vallandry–La Plagne за само 4 минути
*  Спуст од 7,4 км од 2000 м висинска разлика од врвот Aiguille Rouge до Villarogera
*  Панорама од 360° со прекрасен поглед на Mont Blanc......

2

3

4

Во цената E вклучено:
Превоз со автобус со LCD TV, DVD Скопје - La Plagne - Скопје
7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани
6 дневен скипас за стазите на La Plagne
Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик 800 ден.
Туристичка такса 15 € по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција.
Esential Paradiski skipass: 35€ по особа за 425 км ски патеки
Постелнина и крпи.
Завршно чистење на апартманите

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
Цена за чистење: Студио за 4 лица: 75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 95€. Овие услуги мора да се нарачат 10 дена пред пристигнувањето, во агенција и истите се плаќаат на лице место.

5

1. Цената е по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
2. Резервација:
Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа најдоцна до 02. Декември 2024. Можност да се плати на 6 рати без камата. Информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо.
Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
3. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
4. За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
5. Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги проследи до партнерската агенција, но не гарантира за исходот.
6. Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.
7. FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.
8. Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
9. Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж до 23 кг (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
10. Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
11. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
12. Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (02.12.2024) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

Отказни трошоци:

13. Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.
> Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
- Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
- 8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената
- 6 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
- 4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената

14. Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 14€ - единечна постелнина или 16€ -брачна постелнина и 14€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
15. Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
16. Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
17. Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 95€.
18. Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
19. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
20. Важна напомена:
Патниците тргнуваат исклучиво од предвиденото место на поаѓање од Скопје
Враќањето е на истото местоод каде што тргнал автобусот.
Не е можно приклучување на групата од било кои попатни места во одење, ниту пак користење на автобускиот превоз само во еден правец.

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

1 ден - петок                    СКОПЈЕ – LA PLAGNE:
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LA PLAGNE во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

 

Ден 2

2 ден - сабота                  LA PLAGNE:
Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

Ден 3

3 ден - недела                 LA PLAGNE:
Слободно време за скијање во La Plagne / Paradiski. Ноќевање.

Ден 4

4 ден - понеделник       LA PLAGNE:
Слободно време за скијање во La Plagne / Paradiski. Ноќевање.

Ден 5

5 ден - вторник               LA PLAGNE:
Слободно време за скијање во La Plagne / Paradiski. Ноќевање.

Ден 6

6 ден - среда                   LA PLAGNE:
Слободно време за скијање во La Plagne / Paradiski. Ноќевање.

Ден 7

7 ден - четврток             LA PLAGNE:
Слободно време за скијање во La Plagne / Paradiski. Ноќевање.

Ден 8

8 ден - петок                    LA PLAGNE:
Слободно време за скијање во La Plagne / Paradiski. Ноќевање.

Ден 9

9. ден-сабота LA PLAGNE-СКОПЈЕ:
Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – Vicolungo, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

Ден 10

10 ден – недела СКОПЈЕ:
Пристигнување во попладневните часови.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0