string(3) "117"
string(0) ""

Истанбул

Истанбул

Држава

Турција

Регион

Истанбул

Град

Истанбул

Категорија

23ти Октомври

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
01.01.1970 - 01.01.1970 Хотел 3* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар... сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.

2

3

4

Во цената е вклучено:

- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај

- Автобуски превоз

- Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул - населбата Аксарај

- Посета на трговскиот центар Форум

- туристички пратител за време на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- Патничко осигурување

- трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице

- Индивидуални трошоци

- Факултативни излети

5

НАПОМЕНИ:

- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-  Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето

- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

 

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

6

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

7

Ден 1

1 ден 23.10.2024 (среда)

  • Состанок на групата на Дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.

Ден 2

2 ден 24.10.2024 (четврток)

  • Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности.
    Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
    Во приквечерните часови предвидена е факултативна посета на облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 56тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот.
    Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање

Ден 3

3 ден 25.10.2024 (петок)

  • Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
    Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

4 ден 26.10.2024 (сабота)

  • Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Во договореноро време одиме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
    Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 5

5 ден 27.10.2024 (недела)

  • Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 28.10.2024 (понеделник)
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена

0.0 мкд

icon

Get the latest news and offers

Subscribe to our newsletter

Резервација
Цена

Патници

Возрасни
01
Деца
0
Бебиња
0