Турција
Мармара
Истанбул
8ми Декември
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
06.12.2024 - 09.12.2024 | Хотел 4* | 3 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Авионски лет: PEGASUS AIRLINES (Скопје – Истанбул - Скопје)
Поаѓање: 06.12.2024 во 10:00ч. (Скопје)
Пристигнување: 06.12.2024 во 13:30ч (Истанбул)
Услуга: 3 ноќевања со појадок
Сместување во хотел 4*
Трансфери
Претставник од Македонија
Панорамски разглед на градот
Враќање во Скопје: 09.12.2024 во 15:40ч.
Истанбул градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 20 милиони луѓе.
Влезница за Долмабахче Палата | 45 Є |
Влезница за Sapphire Seyir Terasi | 30 Є |
Султанахмет пешачка тура со влезници | 75 Є |
Султанахмет пешачка тура БЕЗ влезници | 35 Є |
Ноќно крстарење-Турска вечер-со безалкохолни пијалоци | 50 Є |
Ноќно крстарење-Турска вечер-со алкохолни пијалоци | 60 Є |
Пакет факултативи | 195 Є |
Во цената е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Pegasus Airlines
Аеродромски такси, рачен и чекиран багаж (до 20 кг).
3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот централен дел на Истанбул.
Панорамски разглед – Вселенска Патријаршија и Балат + дневно Крстарење по Босфор.
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Прошетки со придружник на групата.
Трансфери во Истанбул: аеродром - хотел – аеродром (попатенo Emaar Square Mall)
Во цената не е вклучено:
Патничко здравствено осигурување
Дополнителни оброци и пијалоци
Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
Факултативни посети, излети и влезници
За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници.
Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
( 06.12.2024 ПЕТОК ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:00 часот. Лет за Истанбул во 10:00 часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines. Пристигнување во Истанбул во 13:30 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата и енергична улица Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на Галата Кула, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум. Враќање во хотел. Ноќевање.
( 07.12.2024 САБОТА ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството, Вселенската Патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Прошетка и слободно време по живописната и шарена населба Балат. Се упатуваме на популарното крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативен излет Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238 м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
( 08.12.2023 НЕДЕЛА ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна пешачка тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствената Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Надворешен разглед на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата заедно со харем и црквата Aja Ирини – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи. ПРЕДЛОГ ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – Ноќно крстарење по Босфор – ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД ! Целовечерно крстарење по Босфор, под спектакуларните мостови кои што ја поврзуваат Европа со Азија, проследено со целовечерна забава, музика и шоу, со неограничени пијалоци и вкусни турски специјалитети.
( 09.12.2023 ПОНЕДЕЛНИК ) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот и еден од најголемите трговски центри Emaar Square Истанбул во азискиот дел на Истанбул, кој е богат со многу бутици, продавници и аутлети од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 16:10 часот по локално време. Пристигнување во Скопје во 15:40 часот по локално време.
ТА Турист 2024