string(3) "125"
string(0) ""

Базел-Стразбур-Колмар-Цирих

Базел-Стразбур-Колмар-Цирих

Држава

Швајцарија

Регион

Кантон Базел-Стадт

Град

Базел

Категорија

Ноември

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
28.11.2024 - 01.11.2024 Du Commerce 3* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Базел-Стразбур-Колмар-Цирих
28.11.2024 - 01.12.2024
Сигурна реализација 
✈ авионски превоз

2

Крстарење по каналите на Стразбур 20 Є
Влезница во фабриката Линдт 20 Є
Влезница во фабриката Линдт дете 8-15г 15 Є
Излет до Фрајбург и Колмар 65 Є
Излет до Стразбур 65 Є
Излет до Цирих 65 Є
Пакет со сите 3 факултативи 175 Є
3

Во цената Е вклучено:
Авионски билет Скопје –Базел – Скопје
Аеродромски такси 
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Сите трансфери по програмата со автобус
Сместување во Хотел Du Commerce 3* во Базел,
Услуга 3 ноќевања со појадок
Организиран разглед на Базел
Придружник на патувањето
Организација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
Доплата за багаж: куфер  за чекирање до 10кг / 20кг
(цената е променлива, инфо во агенција 5 дена пред поаѓање)
Туристичка такса  930 мкд (се плаќа во агенција)
Крстарење по каналите на Стразбур 20 € (се плаќа на лице место)
Влезница во фабриката Линдт (се плаќа на лице место)
20 € за возрасни
15 € за деца 8-15 год
Гратис за деца до 7 год
Факултативен излет до Фрајбург и Колмар 65 € / 4.030 мкд
Факултативен излет до Стразбур 65 € / 4.030 мкд
Факултативен излет до Цирих 65 € / 4.030 мкд
Пакет со сите 3 факултативи (Фрајбург,Колмар, Стразбур, Цирих): 175 € / 10.850 мкд
Доплата за еднокреветна соба 4.900 мкд
Влезници за локалитети и културно-историски споменици, јавен превоз...
Патничко осигурување
За факултативните излети задолжително е пријавување во агенција

4

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање. Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Плаќањето е во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари. 
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

28.11.2024 Четврток                СКОПЈЕ – БАЗЕЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:40 часот. Полетување за Базел во 06:40 часот и пристигнување во 09:05 часот. Трансфер до Базелкаде што следува разглед на градот: Катедралата на Мунстерплатц, градското собрание, стариот град, фонтаната Тангели - Брунен, кејот на реката Рајна, портата Спалентор...Сместување во хотелот. Вечерна прошетка. Во срцето на градот, Божиќните базари го исполнуваат воздухот со неодоливиот мирис на варено вино и божиќни колачиња. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 2

29.11.2024 Петок                       БАЗЕЛ – СТРАЗБУР - БАЗЕЛ
Појадок. Целодневен факултативен излет во СтразбурПристигнување во центарот, од каде почнува разглед на градот: седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот дел на градот:  Катедралата Нотр Дам во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно време за прошетка низ Божиќниот базар во Стразбур кој ја има честа да биде еден од најстарите божиќни базари во Европа, чие потекло датира од 1570 година. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Базел. Ноќевање.

Ден 3

30.11.2024 Сабота                    БАЗЕЛ – ФРАЈБУРГ – КОЛМАР - БАЗЕЛ
Појадок. Целодневен факултативен излет: посета на Фрајбург, градчето кое го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детаљ, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по Главниот плоштад со Катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, Трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, Плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Божиќниот базар во Фрајбург е една од најубавите зимски туристички дестинации на градот. Отворен за прв пат во 1973 година, сега се состои од преку 120 штандови..
Продолжување кон Колмар, се наоѓа во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот дел на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден, како и шесте божиќни базари во Колмар кои зрачат со топлина и привлечна атмосфера, секој со своја посебна тема, маркетите ќе ве обвијат во магијата на Божиќниот дух која гарантирано ќе ги воодушеви и младите и старите. Враќање во Базел. Ноќевање.

Ден 4

01.12.2024 Недела                   БАЗЕЛ - ЦИРИХ - БАЗЕЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативен разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознатиот универзитет, најголемиот аеродром и железничка станица... Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот... Цирих е веќе еден од најубавите градови во Европа - па замислете што се случува кога ќе додадете блескави светла, огромно дрво направено од Сваровски кристали и слатки дрвени тезги низ центарот на градот. Факултативна посета на Линдт – најголемата швајцарска компанија за производство на чоколади и слатки, основана во 1845 година и позната по своите чоколадни тартуфи и чоколадни плочки. Се наоѓа во Килхберг, каде што е нејзината главна фабрика и музеј. Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 21:00 часот и слетување во 23:10 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1