string(3) "127"
string(0) ""

Истанбул

Истанбул

Држава

Турција

Регион

Мармара

Град

Истанбул

Категорија

Нова Година

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
29.12.2024 - 01.01.2025 Hotel Oran 4* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури - се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите - безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот. За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед.

2

3

Во цената е вклучено:
Авио билет Скопје – Истанбул - Скопје
Аеродромски такси и чекиран багаж
Трансфер: аеродром – хотел - аеродром
3 ноќевања со појадок Hotel ORAN 4*
(www.oranhotel.com)
Организиран разглед – пешачка тура со водич
Пратител од агенцијата  
Организација на аранжманот

Во цената не е вклучено:
Влезница за Цистерна Базилика – 30 €
Посета на Ушкудар, Кузунџук и Чамлиџа - 50 €, со трансфер и водич (влез во Чамлиџа се плаќа дополнително)
Посета на Моминска Кула – 40 €
Вечера на брод - 65 € по лице - трансфер, вечера и пијалоци на бродот
Посета на Цариградската Патријаршија, Балат, Пиер Лоти, Галата кула - 50 € со трансфер и водич (доплата за жичарата на Пиер Лоти 10€)
Патничко и здравствено осигурување

4

 Плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд)
 За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
 Пријавувањето и уплатата за факултативите најкасно 15 дена пред тргнување
 Краен рок за пријавување 15.12.2024.
 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
 Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
 За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
 За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 20 патници
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

29.12.2024 (недела)
Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Предлог –Посета на некој од познатите трговски центри, како на пример Форум, со можност за посета на Аквариумот, шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници; посета на трговскиот центар Sapphire, сместен во највисоката зграда во Европа (236 м), со прекрасна панорамска глетка на Истанбул- Витуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино; посета на Karakoy - место со многу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите. Ноќевање

Ден 2

30.12.2024 (понеделник)
Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на Ортакој, една од најшармантните области во Истанбул, позната по бројните кафулиња, галерии, историски објекти. Посета на Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Посета на ридот Чамлиџа, едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Организирана посета (со доплата) на Моминската Кула, еден од највпечатливите симболи на Истанбул. Враќање во хотел. Попладне (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер - ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера, пијалак и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3

31.01.2024 (вторник)
Појадок. Во 08.30 часот организиран разглед на градот со стручен водич – пешачка тура: прошетка по Султан Ахмед Плоштадот и Византискиот Хиподром. Прошетка до Топ Капи Палатата (Султановиот дворец опкружен со море од сите страни – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот);Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои (сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња); Аја Софија (црква, џамија, музеј... и повторно џамија. изградена во 6-от век е подигнато од византискиот цар Јустинијан); Влез во цистерната Базилика – музеј познат по своите столбови – во времето на Византија оваа подземна цистерна го снабдувала Цариград со вода. Враќање во хотел. Предлог - ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање.

Ден 4

01.01.2025 (Среда)
Појадок. Одјавување од хотел. Во 09.00 часот (факултативно) Прошетка и посета на Балат и Пиер Лоти , една од најстарите и најспектакуларните области во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата. Посета и влез на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија , една од 14-те Автокефални православни цркви. Посета на Галата Кула - средновековна кула сместена во населбата Галата во близина на Златниот Рог. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродром во 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1