Исланд
Рејкјавик област
Рејкјавик
Април
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
01.04.2025 - 05.04.2025 | Хотел Grandi 4* | 3 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Ве водиме во обиколка на Земјата на мразот и огнот, земјата „сопственик“ на вулканите, гејзерите, глечерите и водопадите, островот на кој се сретнуваат евроазиската и американската тектонска плоча. Се`на Исланд е неверојатно, а некои природни појави се толку магични што ни науката не може во целост да ги објасни. Исланд е едно мало место на планетата каде со малку среќа можеме да ја видиме поларната светлина- природниот феномен aurora borealis!
Пакетна цена за факултативните излети | 350 Є |
Во цената е вклучено:
Авионски билет Скопје-Франкфурт-Рејкјавик-Франфурт-Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
Трансфери аеродром-хотел-аеродром
3 ноќевања со појадок во хотел „Grandi“ 4 * во центарот на Рејкјавик
Користење на спа центарот во хотелот
Лиценциран туристички водич
Лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено:
Пакетна цена за факултативните излети– 350 евра:
Плава Лагуна (трансфер и влезница); Златен круг (Златниот водопад Gulfoss, Гејзерот Strokur и Националниот Парк Thingvellir;Јужен Брег (Водопадите Skogafoss и Seljalandsfoss)
Доплата за еднокреветна соба – 280 евра
Туристичка такса – 7 евра по лице за сите 3 ноќевања (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување
За потврда на рецервација неопходна е задолжителна уплата од 400 евра (24.800 денари). Целосна доплата на аранжманот до 28.02.2025
За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници.
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
01.04.2025 (вторник) – Скопје – Виена - Рејкјавик
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.00 часот. Полетување кон Виена во 12.40 часот, слетување во 14:15 часот по локално време. Летот за Рејкјавик е во 21.00 часот, пристигнување во 23.20 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Grandi“ 4* во центарот на градот (https://www.centerhotels.com/en/hotel-grandi-reykjavik). Ноќевање.
02.04.2025 (среда) – Рејкјавик - Плава Лагуна (Blue Lagoon)
Појадок. Разглед на градот и запознавање со најважните објекти: Зградата на Парламентот, Катедралата Hallgrimskirkja изградена во футуристички стил во знак на сеќавање на Исланскиот поет Halgrimur Peturson, шопинг улицата Laugavegur… Рејкјавик е сосема спротивен од типичните европски градови: ниски згради и куќи обоени во весели тонови, минимална фреквенција на сообраќај, едносмерни улици; многумина тврдат дека е заробен во дваесетите години од минатиот век а луѓето кои живеат во него намерно го негуваат тој романтичен изглед. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон најатрактивниот спа центар на отворено, едно од 25-те светски чуда-Плава Лагуна. Станува збор за туристичката атракција создадена сред полињата од изладена лава во Националниот Парк „Svartsengi“. Слободно време за релаксација во термалната вода богата со минерали која доаѓа од 2000 метри длабочина со температура од околу 40 степени. Во вечерните часови враќање назад во хотелот во Рејкјавик. Слободно време за индивидуални активности и за користење на услугите во спа центарот во хотелот. Ноќевање.
03.04.2025 (четврток) - Рејкјавик-Златен круг (Златниот водопад Gulfoss, Гејзерот
Strokur и Националниот Парк Thingvellir)
Појадок. Заминување на групата на факултативно разгледување на најпопуларната рута „Златен круг“ која ги опфаќа најубавите природни убавини на Исланд. Националниот Парк Thingvellir од 2004-та година е под заштита на УНЕСКО заради природните феномени и авантури кои ги поместуваат границите на вообичаеното и нормалното. Доколку сте љубители на култната серија „Игра на тронови“, тогаш ќе уживате во овие фантастични локации каде се снимени најголем дел од сцените во серијата, особено оние со снег и мраз. Токму на ова место се спојуваат европската и северно атланската тектонска плоча што само по себе претставува несекојдневно искуство. Тука е „златниот“ водопад Gulfos кој воодушевува со својата совршено зелена, флуоросцентна боја, како и познатиот гејзер Strokur кој на секои шест до осум минути ја исфра водата во висина од 25 до 40 метри со температура од 120 степени. Тука на ова геотермално подрачје има околу четириесетина помали гејзери со топла вода од кои поголемиот дел само вријат под земја. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во хотелот во Рејкјавик. Слободно време за индивидуални активности и за користење на услугите во спа центарот во хотелот. Ноќевање.
05.04.2025 (сабота) - Рејкјавик-Јужен Брег (Водопадите Skogafoss и Seljalandsfoss)- Франкфурт-Скопје
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме на целодневен факултативен излет кон живописниот град Вик кој се наоѓа на најужната точка од островот. Самиот пат до ова место е приказна за себе: менување на пејзажите од вулкански плажи до неверојатни камени формации. Градот е опкружен со драматични карпи и се наоѓа на плажата од црн песок од која може да се видат острите стени како извираат од морето. Ќе направиме пауза за прошетка и фотографирање на овој нереално убав амбиент. За време на излетot ќе го видиме 62 метри високиот водопад Skogafoss кој е еден од најголемите и најубавите водопади на Исланд како и водопадот Seljalandsfoss, масивен водопад до кој може лесно да се движиме. Слободно време за фотографирање на најживописните места од каде се простираат најубавите пејзажи на островот. Попатно ќе имаме можност да се воодушевуваме на прекрасната глетка на глечерот Sólheimajökull, долг околу 10 километри и широк околу два километри чии лекени брегови се отцепуваат и пловат кон Атланскиот Океан. Во вечерните часови се враќаме назад во Рејкјавик. Во договореното време организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Франкфурт во 00.25 часот по локално време, слетување во 05.55 часот. Летот за Скопје е во 11.35 часот, пристигнување во Скопје во недела на 06.04.2025 во 13.50 часот. Полетување кон Виена во 00.10 часот по локално време, слетување во 06.15 часот. Летот за Скопје е во 10.25 часот, пристигнување во Скопје во сабота на 05.04.2025 во 11.55 часот.
ТА Турист 2024