САД
Флорида
Мајами
Крстарења
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
11.03.2025 - 25.03.2025 | MSC DIVINA | 8 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
САД - ЈАМАЈКА - АРУБА - КУРАСАО - ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА - БАХАМИ
Цената вклучува:
Авионски билети Скопје-Истанбул-Мајами-Истанбул-Скопје
2 ноќевања во хотел RIU Plaza Miami Beach 4* или сличен на Мајами Бич,
Сместување во стандардни двокреветни соби (2 ноќевање со појадок)
Организиран разглед на Мајами со локален водич, Millionairs cruise
10 ноќи Крстарење според програмата, сместување во балконска кабина.
На бродот проширен полн пансион ( појадок, ручек, вечера, ужина ),
Сите забавни програми, претстави во театар, влез во казино и дискотека, фитнес, сауни, базени и џакузи, лежалки.
Трансфери според програмата.
Придружник на групата
Трошоци за организација на патувањето.
2 парчиња по 23кг чекиран багаж на сите летови
Рачен багаж до 8кг
Цената не вклучува:
Американска мулти виза – УСД 185
Факултативни екскурзии.
Личен трошок алкохолни и друг вид пијалоци кои ќе ги нарачате во барот
Ресторанот на бродот,
Перална;
Здравствени и козметички третмани;
Фризерски салон;
Телефонски повици,
Патничко – здравствено осигурување.
Напојници за возачи и водичи – УСД 20 по лице (се плаќаат во агенција).
Важни напомени за крстарењето:
За ова патување потребен е важечки биометриски пасош.
Потребна е мулти виза за САД.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници.
Качувањето на бродот започнува три часа пред предвиденото време на поаѓање.
Проширениот полн пансион на бродот вклучува појадок, ручек ( шведска маса ) и вечера ( сет мени ), како и меѓуоброци. Кафе, чај, вода и сокови од апарат кои се дел од шведската маса за појадок и ручек – не се плаќаат.
За гала вечерите се очекува прикладна – свечена облека. За мажите задолжително е сако, се препорачува одело.
За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%
Целосна уплата до 45 дена пред патувањето.
Организаторот го гарантира типот (видот на кабината на бродот – балконска кабина), но не и позоцијата на кабините на бродот (број на палуба, преден или заден дел од бродот).
Во случај на одбивање од страна на Американската амбасада за виза, уплатениот депозит од 50% не се враќа.
Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цените на превоз, девизниот курс и слично, како и да го откаже патувањето доколку не е исполнет минималниот број на патници предвиден со оваа програма.
Патничко осигурување е задолжително
За ова патување важат општите услови на патување на Т. А. ТУРИСТ
Цените се изразени во евра, уплата исклучиво во денари 1 Еур = 62 Мкд
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
11.03.2025
Состанок на патниците на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:40 (лет ТК 1006). Добивате оброк во авионот. Слетување во Истанбул во 00:15.
12.03.2025 Истанбул - Мајами
Полетување за Мајами во 02:10 (лет ТК 157). Добивате оброци во авионот. Слетување во Мајами во 08:05 часот. По завршувањето на пасошките формалности, организиран трансфер до хотелот во Мајами. Сместување во хотелот, ноќевање
13.03.2025 Мајами
Мајами е пристанишен град во југоисточниот дел на државата Флорида, САД на брегот на Атлантскиот океан. Мајами го има најголемото пристаниште во светот. Во центарот на Мајами има најголема концентрација на меѓународни банки во САД. Градот е исто така еден од главните земјоделски региони, за производство на домати, авокадо, манго и грав. Мајами Бич е дом на најголемата колекција на Арт Деко архитектура во светот. Мајами има повеќе од 800 паркови и е единствениот град на САД, опкружен со два национални парка: Национален парк “Biscayne” и Националниот парк “Everglades”. Тоj е најдобро познат по своите прекрасни бели песочни плажи. Иако само еднаш паметат снег во овие краишта според метеоролошката историја, Мајами има еден од најголемите скијачки клубови. Мајами Бич е еден од ретките вештачки острови во САД. Тоj некогаш бил празен простор со кокосови насади. Години наназад, повеќето луѓе никогаш не би претпоставиле дека тоа ќе биде популарна туристичка дестинација каква што е денес. Музејот “Vizcaya museum and gardens” секоја година.го посетуваат повеќе од 170 000 посетители. Тој е поранешна вила и имот на на бизнисменот James Deering, изградена во медитерански стил со барокни елементи. Градината има исклучителна колекција на орхидеи,а музејот поседува многу антиквитети. Мајами има тропска монсунска клима со топли и влажни лета и кратки и топли зими. Слободни денови за индивидуални активности.
14.03.2025 Мајами - Крстарење
Одјавување од хотелот во претпладневните часови. Трансфер до пристаништето во Мајами. Почнување на процедурата за чекирање на бродот.
Почеток на крстарењето.
15.03.2025 Пловидба
Слободен ден за уживање во содржините на бродот.
16.03.2025 Очо Риос, Јамајка
Очо Риос е град во најголената парохија во земјата, Санта Ана, на северниот брег на Јамајка. Во близина на градот, патниците можат да го посетат паркот на Колумбо, каде што наводно Колумбо првпат стапнал на ова тло. Тука може да се видат поморски артефакти како и шпански колонијални градби. Очо Риос е познат по својата тропска клима, со влажна сезона од мај до ноември, и сувата сезона, која е од декември до април. Очо Риос e познат по тоа што може да се најде широк спектар на накит и скапоцени камења. Најпопуларната туристичка атракција на Очо Риос се “Dunn’s River” водопадите. 600-метарскиот водопад им овозможува на посетителите да пливаат под водопадот, да се релаксираат во чистата вода и да се качат на “водените скали” кои се наоѓаат од страната на водопадите. Родното место и гробот на Боб Марли кој се наоѓа во ридовите над Очо Риос се исто така отворени и достапни за посета. Предлагаме тура, разглед на градот и околината и релаксација со посета на најпознатата плажа.
17.03.2025 Пловидба
Слободен ден за уживање во содржините на бродот.
18.03.2025 Орањесад, Аруба
Аруба е остров на јужниот дел на Карипското море. Таа е една од четирите уставни држави ка Кралството Холандија. Орањесад е главниот град кој е сместен на северозападниот брег на остовот. Градот настанал околу тврдината Заутман накратко по нејзината изградба во 1796 година. Името го добива по првиот крат на Холандија, Вилем I, кој бил од династијата Орање. Меѓу поважните знаменитости на градот покрај тврдината Заутман се и безцаринското пристаниште и кулата ‘’Вилем III’’во негова близина. Градот има и осум музеи. Некои од зградите во центарот се изградени во холандски колонијален стил. Градот има разни продавници од кои најпосетени се оние од трговскиот центар на отворено ‘’Ројал плаза’’. Богат избор на производи има и долж булеварот ‘’ Лојд Г. Смит’’ кој е поблиску до пристаништето. Недалеку од брегот и во близина на Орањестад се наоѓа Ренесансниот остров кој е на гребен и е во приватна сопственост на кој се наоѓаат единствените приватни плажи на Аруба, наречени Игуана и Фламинго. Место за нуркање. На островот има и птици фламинго кои се донесени на островот од странство. Климата на Аруба е многу погодна за туризам бидејќи таа е посува во однос на околните острови, што овозможува повеќе сончеви денови (само 500 милиметри годишно паднат дожд). Температура е од 27 до 29,6 степени. Предлагаме тура, разглед и капење.
19.03.2025 Вилемстад Курасау
Вилемстед е главниот град на Курасау, уште една од уставните држави на Кралството Холандија, која се наоѓа во јужниот дел на Карипското море. Курасау е карибски лидер во туризмот со крузерите. Од патниците на крузерите добиени се одлични оценки како за градот Вилемстад, опишувајќи го како ‘‘неверојатен‘‘, така и за храната и шопингот опишувајќи ги како ‘‘ одлични‘‘. Самиот центар на Вилемстед е со уникатна архитектура и заедно со влезот на пристаништето се под заштита на UNESCO. Градбите во центарот на градит се во колонијален стил. Градската разнобојна улична уметност е посебна атракција, а во Blue Bay Sculpture Garden, лоциран во блискиот ресорт, изложени се дела од познати уметници од Курасоу. Во градот има и други уметнички музеи и галерии. Во Вилемстад се наоѓа најстарата синагога во Америка. Островот има тропска клима, со многу малку дождливи денови. Годишно во просек има до 450 милиметри паднат дожд. Температурата се движи од 26,6 до 31,4 степени С преку целата година. За нуркачите е вистинско доживување нуркајнето крај коралниот гребен. Предлагаме тура, откријте го Курасау.
20.03.2025 Пловидба
Слободен ден за уживање во содржините на бродот.
21.03.2025 Пуерто Плата, Доминиканска Република
Доминиканската република се наоѓа на островот Хиспаниола, во архипелагот Големи Антили во Карипското море. Островот Хиспаниола го дели со државата Хаити. Главен град на Доминиканската Република е Санто Доминго.Пуерто Плата или Сан Филипе де Пуерто Плата, главниот град на провинцијата Пуерто Плата, е крајбрежен град на северниот дел на острово познат по своите плажи и голф терени. На влезот во пристаништето на испакнатиот ‘рт се наоѓа тврдината Fortaleza San Filipe од 16-тиот век. Од тврдината има поглед на отворено море, во која денес се сместени бројни историски и воени артефакти. Центарот на градот е од старата колонијална ера. Во градот доминира викторијански стил комбинирано со други стилови, под влијание на имигранти од Канарските острови како и мигранти од Европа. Посовремените градби се со модерна архитектура. Атракцијата која постои од 2004 е паркот Ocean World, лоциран на плажата Cofresi, Кој е најголем дом за делфини направен од човекот. Паркот има многу соджини и нуди авантури, како и интеракција на посетителите со делфините, морските лавови и ајкулите. Климата на островот е тропска со дождливи периоди. Најдождлив период е во мај. Предлагаме тура, разглед на градот Пуерто Плата комбинирано со посета на плажа и вклучен ручек.
22.03.2025 Пловидба
Слободен ден за уживање во содржините на бродот.
23.03.2025 Океан Цаи Мсц Марине Ресорт, Бахами
Ден за уживање во убавините и содржините на приватниот остров на компанијата со која пловиме MSC Cruises. Островот е дел од Бахамските острови.
24.03.2025 Мајами
Завршување на крстарењето, излегување од бродот. Посета на Dolphin mall Outlet до времето предвидено за трансфер до аеродромот. Полетување од Мајами во 23:35 часот.
25.03.2025 Мајами - Истанбул - Скопје
Слетување во Истанбул на 25.03.2025 во 17:55 часот. Полетување за Скопје во 19:00 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 19:30 часот по локално време.
ТА Турист 2024