string(3) "143"
string(0) ""

Фиренца

Фиренца

Држава

Италија

Регион

Тоскана

Град

Фиренца

Категорија

8ми Декември

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
06.12.2024 - 09.12.2024 Hotel Arcadia 3* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Фиренца е главен град на прекрасниот италијански регион - Тоскана, централна Италија. Се наоѓа на околу 230 километри од Рим, и е опкружен со прекрасни заоблени ридови, фарми, лозја, овоштарници но и прекрасни архитектонски градби... Фиренца е неизмерно популарна дестинација за одмор поради нејзината убавина, уникатна архитектура како и за познатата италјанска храна. Историскиот аспект на Фиренца привлекува многу патници секоја година за да го истражат нејзиното интересно минато. Академиците веруваат дека Фиренца била родното место на европската ренесанса. Центарот на градот во Фиренца е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, бидејќи е дом на изобилство на историски и монументални градби стари стотици години.

2

Разглед на Фиренца (задолжителна факултатива) 20 Є
Сиена и Сан Џимињано 80 Є
Пиза 45 Є
3

Во ценета е вклучено :
Авио билет Скопје – Болоња – Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
3 ноќевања со појадок во Hotel Arcadia 3*, во центарот на Фиренца
Посета на Болоња
Претставник од агенција

Во цената НЕ е вклучено:
Разглед на Фиренца со локален водич – 20 € (задолжителна факултатива)
Факултативна посета на Сиена и Сан Џимињано 80 €
Факултативна посета на Пиза  45 €
Туристичка такса  6€ по лице од ноќ (се плаќа во хотел)
Здравствено осигурување
Чекиран багаж
Влезници за локалитети и карти за јавен превоз
Индивидуални трошоци

4

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

Скопје - Болоња - Фиренца
Состанок на групата 2 часа пред полетување, на аеродром во Скопје. Лет за Болоња во 13:05 ч., слетување во Болоња во 15:00 ч. Организиран трансфер до хотел во Фиренца. Сместување во хотел. По краток одмор прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана - Фиренца, еден од најпосетените градови во светот, со огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Фиренца која се смета за колевка на ренесансата, во која живееле и твореле многу уметници од XV и XVI век. како Леонардо, Микеланџело Брунолески, Ботичели, Рафаел… Ноќевање

Ден 2

Фиренца
Појадок. По појадокот следува пешачки разглед на Фиренца (факултативно-со доплата). Градот својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, познати како големи мецени на уметноста и културата. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити. Следува пауза за ручек , да пробате некој традиционален фирентински специјалитет, надополнет со одлично вино и секако за крај најпознатиот десерт cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Во попладневните часови следува факултативен излет до Пиза. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри, која е всушност камбанаријата на катедралата. Кулата секако била планирана да стои исправено но поради слабата почва како и лошите темели се накривила. Но баш тоа е причината што кулата има светска прочуеност и привлекува стотици илјади туристи годишно. Во договорено време враќање назад во Фиренца. Ноќевање.

Ден 3

Фиренца - Сан Џимињано - Сиена
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет во живописните градови Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена – град со средновековен изглед, опколен со ѕидини од 16 век Ќе прошетаме по еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација...Во договорено време се упатуваме кон Сан Џимињано. Овој мал типичен град е познат по виновите насади и големи површини покриени со маслинови градини. Заклучокот е јасен дека градот е најпознат по убавите вина и маслинови масла. Кратка прошетка во градот каде ќе може да пробате или купите некое вино, маслиново масло или едноставно да одморите со кафе и вкусно џелато(сладолед).Во договорено време се враќаме назад во хотел. Ноќевање.

Ден 4

Фиренца - Болоња - Скопје
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Болоња, град најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската кујна но и по најстариот универзитет во Европа. Ќе прошетаме низ стариот дел од градот, препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун... Во договорено време сe упатуваме кон аеродромот во Болоња. Полетување за Скопје во 13:30 ч. Слетување во 17:15 ч.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1