string(3) "146"
string(0) ""

Малта

Малта

Држава

Малта

Регион

Малта

Град

Слиема

Категорија

Февруари

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
14.02.2025 - 17.02.2025 хотел Kennedy Nova 4* 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен
14.02.2024 - 17.02.2025 ПРОМО цена до 30.11.2024 3 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена за време на вашиот престој во Малта. 
Главниот град на Малта, Валета, нуди спектакуларни новогодишни прослави. Плоштадот на Републиката и Св.Џорџ е центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномети што го осветлуваат небото над прекрасната Валета.  Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град. Тука е и Светилникот на островот Гозо: Романтичен дочек под ѕвездите. Островот Гозо, дел од малтешкиот архипелаг, нуди романтично добредојде на Новата година. Светилникот на островот Гозо е омилено место за средба на полноќ на паровите и љубовниците под ведрото медитеранско небо. Огнометот од блиските острови додава магија на овој момент. Традиционални малтешки новогодишни јадења – Малтешката кујна нуди вкусни новогодишни специјалитети. За оваа празнична ноќ често се подготвуваат јадења како „Фенката“ (јадење зајак) и „Имќарун“ (посебен вид паста). Исто така, традиционалните малтешки колачи и слатки се незаменлив дел од празничните оброци.

2

Моста-Мдина-Валета (Моста – Та’али)
55 €
Детални информации
Marsaxlokk-Blue Grotto
30 €
Детални информации
Гозо
55 €
Детални информации
3

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје – Малта – Скопје
Рачен багаж 8кг
Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта
Сместување во хотел Kennedy Nova 4* во Слиема 
Услуга 3 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
Придружник на патувањето од агенцијата
Организација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
Трансфер Битола-Скопје-Битола 15 Є
Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (Моста – Та’али ) 55 Є
Факултативна посета на Гозо 55 Є
Факултативна  екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Є
Цена со попуст за уплата во агенција на сите 3 екскурзии 130 Є
Туристичка такса во хотел
Влезници за културно историските музеи
Патничко осигурување
Сите неспоменати трошоци

4

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За реализирање на факултативните излети потребно е минимум 15 патници, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот и за тоа да ги извести запишаните патници 7 дена пред поаѓањето. 
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

14.02.2025 (петок) Битола – Скопје – Малта
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 12,30 часот. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 15.00 часотПолетување во 17:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 19,00 часот (локално време).  Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Идеален момент за прекрасна романтична вечера во некој од многуте ресторани покрај море, кој специјално се уредени за овај голем католички празник. А се разбира дека ќе го спомнеме и прославиме и нашиот Св.Трифун со чаша (или две) добро малтешко вино. Наздравје! Ноќевање.

Ден 2

15.02.2025 (сабота) Моста-Мдина-Валета  
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до Mоsta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата: 55 Eur. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

Ден 3

16.02.2025 (недела) Малта-Гозо
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и  брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’PinuВраќање во хотел во попладневните часови. Слободна вечер. Цена на турата 55 Еур. Ноќевање 3.

Ден 4

17.02.2025 (понеделни) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. Одјавување од хотел. Предлагаме полудневна факултативна екскурзија до јужниот дел на Малта, каде се наоѓа рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Потоа следи возење до блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери. Можно возење со брод низ тиркизно сината пештера, доколку времето дозволи (билет се купува на лице место).  Цена на турата 30 Еур. Враќање во хотел во попладневните часови. Организиран трансфер до аеродром во 16:00 часот. Полетување за Скопје во 19:35 часот. Слетување во Скопје во 21:30 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата…

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1