Куба
Куба
Хавана
Март
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
04.03.2025 - 15.03.2025 | Хотели 5* | 7 се вклучено + 2 ноќи со појадок | Двокреветна | возрасен | |
04.03.2025 - 15.03.2025 | за уплата до 30.12.2024 | 7 се вклучено + 2 ноќи со појадок | Двокреветна | возрасен |
За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за Куба, за престој помалку од 90 дена.
Патниците со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за Куба
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот.
Формуларот ќе го најдете на линкот: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio
Период на патување / 04.03 - 15.03.2025
Период на престој / 05.03 - 14.03.2025
Денови 11 /
Ноќевања 9 /
Услуга во хотел во Варадеро / 7 се вклучено
Услуга во хотел во Хавана / 2 ноќевања со појадок
од Варадеро - Трите града со вклучен ручек | 120 Є |
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Авионски билети Скопје - Хавана - Скопје
Авио компанија Turkish Airlines,
Аеродромски такси
Багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг
Багаж 1 парче чекиран багаж до макс. 23 кг.
Асистенција на аеродромот во Хавана од локалниот партнер.
Oрганизиран трансфер од аеродром во Хавана до хотел во Варадеро.
7 ноќевања Се вклучено во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен во Варадеро.
Oрганизиран трансфер од хотелот во Варадеро до хотел во Хавана.
2 ноќевања со појадок во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен во Хавана.
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни во овој дел од светот.
Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
Индивидуални трошоци, оброци, пијалоци и услуги надвор од понудата.
Факултативни екскурзии и влезници за културно-историски споменици.
Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица;
За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ на аранжманот;
Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот;
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми / корегира цената на аранжманот, како и цените на факултативните екскурзии;
Во случај на недоволен број пријавени патници организаторот може да им понуди на патниците можност да се организира индивидуално патување за наведената дестинација, со промена на цената на патувањето.
За реализација на факултативните екскурзии со поаѓање од Варадеро и од Хавана потребен е минимум од 15 лица. За истите потребно е да се изјасните во агенцијата пред реализација на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена во цените на авионските билети, хотелските услуги, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
04.03.2025 – вторник Скопје - Истанбула - Хавана
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:35 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:15 часот, локално време. Полетување од Истанбул за Хавана во 01:55 часот.
05.03.2025 – среда Хавана - Варадеро
Пристигнување на меѓународниот аеродром во Хавана во 07:15 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер од аеродромот во Хавана до хотелот во Варадеро. Коктел за добредојде и сместување. Слободен ден за одмор, сончање, капење и коктели на една од најубавите плажи на Карибите. Ноќевање.
***Забелешка: Пријавувањето во хотелот е најчесто околу 16;00 часот, но патниците во меѓувреме можат да уживаат во хотелските капацитети и да ручаат во хотелот.
06.03. – 11.032025 Варадеро
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. За време на вашиот престој во Варадеро ќе се организираат разни факултативни екскурзии, како: Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad); екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blanco); Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек (Jeep Safari); екскурзија долината Вињалес со вклучен ручек (Vinales). Ноќевање.
07.03.2025 - четврток Варадеро
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. Ноќевање.
08.03.2025 - четврток Варадеро
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. Ноќевање.
09.03.2025 - четврток Варадеро
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. Ноќевање.
10.03.2025 - четврток Варадеро
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. Ноќевање.
11.03.2025 - четврток Варадеро
Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. Ноќевање.
12.03.2025 – среда Варадеро - Хавана
Екскурзија “Хемингвеј тура” (Hemingway Tour) Појадок во хотел. По појадокот одјавување од собите и организиран трансфер од Варадеро до хотелот во Хавана. Пристигување во хотелот во Хавана (пријавувањето е во 16:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности или можност за полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar). Слободна вечер или можност за вечера со оранизиран трансфер во ресторанот Restaurant ChaChaCha (со доплата). Ноќевање
13.03.2025 – четврток Хавана
Екскурзија Хавана со кабриолети / Cabaret Tropicana Show Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме целодневна факултативна екскурзија на Хавана со уникатна цена, обиколка на Хавана со олдтајмери, посета на музејот на рум, со вклучен ручек. Слободно попладне. Навечер можност за вечера со организиран трансфер во ресторанот El Cocinero Restaurant (со доплата). По вечерата има можност за уникатна факултативна екскурзија – посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Ноќевање.
14.03.2025 – петок Хавана - Истанбула
Ран појадок во хотелот. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Хавана. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од најуникатната држава на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Хавана за Истанбул во 09:40 часот лет број TK 195.
15.03.2025 – сабота Истанбул - Скопје
Слетување во Истанбул во 09:30 часот, локално време. Полетување за Скопје во 20:15 часот. Слетување во Скопје во 19.45 часот по локално време.
ТА Турист 2024