Турција
Невшехир Анадолија
Кападокија
Април
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
17.04.2025 - 22.04.2025 | Хотел 3* | Промо цена | Двокреветна | возрасен | |
17.04.2025 - 22.04.2025 | Хотел 3* | Редовна цена | Двокреветна | возрасен |
Факултативи по лице:
Турска национална вечер 45 Є
Посета на манастирскиот комплекс Ѓореме, долината Зелве и Црвената Долина со локален водич и превоз 55 Є
Посета на подземниот град Деринкоју, манастирите на Селим и долината Илхара со локален водич и превоз 50 Є
Можност за јавање коњи, камили и џип сафари (договор на лице место)
Едночасовно летање со балон во Кападокија цената ке се знае на лице место
Дали ке се лета зависи од временските услови во моментот
Кападокија е една од најпосетуваните туристички дестинации во Турција. Сместена во централниот дел на земјата, оваа регија е позната по своите неверојатни природни формации, древни пештерски населенија и богатата историја. Кападокија е географски позната по своите уникатни камени формации, познати како свештенички капи, кои се резултат на ерозија и вулканска активност која траела милиони години. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми- чуда на природата. Кападокија е чудесно место каде природата, историјата и културата се спојуваат во една несекојдневна и незаборавна авантура. Без разлика дали сте љубител на природата, историјата или сакате да искусите нешто ново, Кападокија ќе ве остави без здив.
Во цената е вклучено:
Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп и Црна Река
Автобуски превоз на горенаведената релација
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Кападокија
Пратител за време на патувањето
Во цената НЕ е вклучено:
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Факултативи по лице:
Турска национална вечер 45 Є
Посета на манастирскиот комплекс Ѓореме, долината Зелве и Црвената Долина со локален водич и превоз 55 Є
Посета на подземниот град Деринкоју, манастирите на Селим и долината Илхара со локален водич и превоз 50 Є
Можност за јавање коњи, камили и џип сафари (договор на лице место)
Едночасовно летање со балон во Кападокија цената ке се знае на лице место
Дали ке се лета зависи од временските услови во моментот
За еднокреветна соба се доплаќа 70% од аранжманот
Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
За резервација задолжителна е уплата од 30% и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
Патниците се должни за цело време на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат препораките дадени од страна на водичот.
Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
1 ден (17.04.2025) – Четврток
Собир на групата во утринските часови. Заминување кон Турција во 09.00 часот. Се патува преку граничен премин Богородица. Дневно и ноќно патување преку Грција со попатни паузи. Патувањето трае отприлика 24ч.
2 ден (18.04.2025) – Петок
Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу (Tuz Gölü) Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите
релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Сместување во хотел. Во договореното време факултативно се поаѓа на традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден (19.04.2025) – Сабота
Појадок. Факултативен панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комплекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Во попладневдните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки кои некогаш воопшто сте ги виделе. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден (20.04.2025) – Недела
Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5 ден (21.04.2025) – Понеделник
Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители.
Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот во договореното време тргнување назад за Македонија.
6 ден (22.04.2025) – Вторник
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
ТА Турист 2024