Шпанија
Баскија
Билбао
Мај
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
22.05.2025 - 27.05.2025 | Хотели 4* | 5 ноќевања со појадок | Двокреветна | возрасен |
Во цената е вклучено:
Авионски превоз Скопје–Истанбул-Билбао–Истанбул–Скопје
Вклучени Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
Пет ноќевања со појадок во Хотели 4*
Две ноќи во Билбао,
Една ноќ во Памплона
Две во Сан Себастијан
Хотел Mercure Bilbao Jardines De Albia 4* во центарот на Билбао
https://all.accor.com/hotel/A057/index.en.shtml
Хотел Maisonnave 4* во центарот на Памплона
https://www.hotelmaisonnave.es/en/
Хотел Silken Amara Plaza 4* во поширокиот центар на Сан Себастијан
https://www.hoteles-silken.com/en/hotel-amara-plaza-san-sebastian/
Разгледи и прошетки во градовите според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената НЕ е вклучено:
Факултативен излет Сен Жан де Луз и Бијариц 75 Є
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
22. Мај (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - БИЛБАО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување во 14:05 и пристигнување во Билбао во 17:25 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Попладневна/ вечерна пешачка прошетка во градот кој е успешен спој на богатото индустриско и културно наследство, еден од најинтересните градови во северна Шпанија. Ноќевање.
23. Мај (Петок) БИЛБАО
Појадок. Разглед на стариот дел на градот, Мостот Сан Антон и Црквата Св. Антон, стариот кварт на брегот на реката Нервион составен од 7 улици, необарокната зграда на Театарот Ариага изградена по примерот на Операта во Париз, Новиот плоштад, Палатата Арана – најстарата Палата во Билбао, железничката станица Ла Конкордија, зградата на Градското Собрание – една од најубавите во Шпанија, Мостот Салве на познатиот валенсијански архитект Калатрава, величествениот Музеј Гугенхајм. Зградата на музејот, отворен во 1997 година и дизајниран од архитектот Френк Гери, имресионира со својата архитектура. Ова ремек дело ја содржи најбогатата збирка на современата уметност… Ноќевање.
24. Мај (Сабота) БИЛБАО - ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА (околу 200 км)
Појадок. Патувањето продолжува кон Виториа Гастиез, административниот центар на Баскија. Возење по живописните предели до градот со најмногу зеленило во Шпанија, по што е прогласен за Европска Престолнина со зеленило за 2012 година, а и град со најдобро зачувана средновековна архитектура во Баскија. Исклучително е интересен стариот дел опкружен со средновековни ѕидини, Плоштадот Шпанија, тука се и бисерите на баскијската ренесансна архитектура Палатата Бендања, Палатата на седиштето на автономната влада и готската Катедрала. Патувањето продолжува за Памплона во пладневните часови. Сместување во хотелот. Памплона е позната по трката со бикови, фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на 06 Јули и кој послужил како инспирација на славниот Хемингвеј за романот Сонцето повторно изгрева. Главните бисери на градот се Градската тврдина, која имала пентагонален облик, Плоштадот Кастиљо, Корида, Палатата Навара – седиштето на Владата, Катедралата Св. Марија во која се крунисани Кралевите на Навара… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
25. Мај (Недела) ПАМПЛОНА – САН СЕБАСТИЈАН (околу 80 км)
Појадок. Патувањето продолжува кон Сан Себастијан, по зелените предели до брегот на Кантабријското Море. Сан Себастијан, Европската Престолнина на културата за 2016 година, е познато монденско летувалиште на европската аристократија, седиште на филмскиот фестивал Златна школка и светска дестинација за гурманите. Со убавината на природната положба, градот може да се спореди само со еден град на светот – со Рио де Жанеиро. Сместување во хотелот. Прошетка низ градот, лоциран помеѓу реката и заливот, град кој со своите златни, песочни плажи се спушта кон заливот Ла Конча, ограничен со ридовите – Монте Ихелдо и Монте Ургул. Можност за уживање во погледот од ридот Игелдо кон заливот Школка, островот Санта Клара, Палатата Мирамар, театарот Викторија Еугенија, Мостот Санта Каталина, квартот Корос, новиот културен и конгресен центар Курсал – модерна зграда од стакло на плажата Суриола. Слободно време за вкусување на најдобриот тапас со баскиско вино. Ноќевање.
26. Мај (Понеделник) САН СЕБАСТИЈАН - СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ - БИЈАРИЦ (околу 100 км)
Појадок. Препорачување факултативен излет до Бијариц. По влегувањето во француската Баскија, прошетка во познатото летувалиште Сен Жан де Луз, кое се наоѓа на брегот на Атлантикот. Во овој, некогаш рибарски град, со својот шармантен центар на стариот град и најубавата баскиска Црква посветена на Св. Јован Крстител, се одржала свадбата на Кралот на Сонцето, Луј XIV со шпанската Инфанта Марија-Тереза. Бројните летниковци и вили биле изградени со вешт спој на стилови кои ја откриваат радоста на живеењето, толку карактеристична за јужна Франција. Местото е познато и по старата фабрика за чоколади на семејството Адам, од 1660 година, каде почнале да се произведуваат макарони (колачи од бадем). Оваа продавница и денес постои на главниот плоштад каде се чува оригиналниот рецепт за колачите. Возењето продолжува покрај брегот на Баскијскиот залив до Бијариц, ексклузивното и најубавото летувалиште на францускиот атлантски брег, симбол на богатството, од почетокот на 20 век. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
27. Мај (Вторник) САН СЕБАСТИЈАН - БИЛБАО – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Билбао (околу 100 км). Полетување за Истанбул во 12:05 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:15 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:30 часот.
ТА Турист 2024