string(3) "168"
string(0) ""

1ви Мај Турција

1ви Мај Турција

Држава

Турција

Регион

Егејски регион

Град

Кушадаси

Категорија

Мај

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
27.04.2025 - 01.05.2025 Хотел 4* 4 полупансиони Двокреветна возрасен
27.04.2025 - 01.05.2025 Хотел 4* 4 полупансиони Еднокреветна возрасен

1

Еден од највредните подароци со кој биле дарувани кралевите уште во најстарите времиња е смирна. Тоа е смола која тече од кората на дрвјата, со преубав мирис и горчлив вкус. Легендата од Стариот Завет вели дека смирна е симболот на маките на Исус Христос на крстот... Мироносниците- жените кои дошле да му помогнат по неговото распнување и затекнале празен гроб носеле со себе смирна... Зборот „смирна“ има и друго значење: Многу луѓе знаат дека Смирна е древен јонски град сместен во Турција кој денес има модерно име-се нарекува Измир! 
Ве водиме во градот на слепиот поет Хомер, на островот на кој е родена грчката божица Хера и грчкиот филозоф и математичар Питагора!

2

3

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Авионски билет Скопје-Измир-Скопје
Ааеродромски такси
Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата
4 ноќевања во Кушадаси во хотел со 4* (појадок и вечера)
Влезница во античките градови Дидим и Милет
Билет за брод на релација Кушадаси-Самос-Кушадаси
Влезница на тврдината во Чешме
Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување (на бугарски јазик)
Лиценциран туристички придружник

Во цената не се вклучени следните услуги:
Доплата за еднокреветна соба 150 Є
Патничко осигурување

4

За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 250 Є (15.500 денари).
Целосна доплата на аранжманот до 01.04.2025 година.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници
Цените се во Є, се плаќа во денари по курс 1 Є = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

27.04.2025 (недела)     Скопје-Измир-Кушадаси
01.00 часот, состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Измир во 03.10 часот, слетување во 05:30 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон градот Измир. Една легенда вели дека градот го основал Тантал, синот на богот Зевс и на Смирна, прекрасната кралица на Амазонките, па во нејзиначест го добил и името. Според друга легенда, градот е основан од војсководецот Александар Велики. Тој еден ден отишол на лов на ридот Pagos и заспал покрај храмот на богињата Немезис. Таа му се појавила во сонот и го советувала на тоа место да изгради голем град. Грците веднаш побарале совет од пророштвото во Делфи и кога добиле потврден одговор, хеленисичката Смирна била родена (денешен Измир). Организиран разглед на
Измир со локален туристички водич. По својот изглед, центарот на градот потсетува на многу европски метрополи, надополнет со шармот на морето, палмите и тивкиот ветер кој ја прави климата идеална. На централниот градски плоштад Конак се наоѓа симболот на градот-Саат Кулата, изградена во 1901 година по повод 25-годишнината од владеењето на султанот Abdulhamid II. Часовникот кој е поставен на кулата бил подарок на султанот од германскиот цар Wilhelm II. Во близина на плоштадот се наоѓа трговскиот дел на Измир - најпознатиот Kemeralti Bazar, просторот каде „европскиот“ Измир се претвара во класичен пример на турската култура и страста кон занаетите и трговијата. Тука на едно место Ви се нуди се што ќе посакате да купите: текстил, облека, зачини, злато...Во попладневните часови го продолжуваме патувањето со автобус кон Кушадаси, најпопуларното летувалиште на Егејското Море. По пристигнувањето, сместување на групата во хотелот „By Karaaslan Inn“ 4**** ( https://www.karaaslanhotels.com/ ) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Ден 2

28.04.2025 (понеделник)     Кушадаси
Појадок. Слободен ден за уживање во Кушадаси, градот кој пред 20 години бил мало рибарско село, а денес е водечко туристичко место во Турција. Она што посебно ќе не` фасцинира е мешавината на старите куќи и уличките преполни со барови, продавници и ресторани. На само неколку минути пешачење од центарот се наоѓа симболот на градот-Островот на птиците кој е поврзан со копното. Вечера. Ноќевање.

Ден 3

29.04.2025 (вторник)     Кушадаси-Дидим-Милет
Појадок. Организирано заминување на групата кон античките градови Дидим и Милет. Некогашното јонско светилиште Дидим е дом на храмот посветен на богот Аполон-еден од најголемите антички храмови подигнат во IV век пред нашата ера кој важи за трет по големина во светот (после храмот на Артемида во Ефес и храмот на грчкиот остров Самос). Храмот никогаш не бил целосно завршен и токму затоа не е дел од Седумте светски чуда на антиката. На неговите ѕидини се прикажани децата на боговите Зевс и Лета - близнаците Аполон и Артемида, а на самиот влез е прочуената статуа на Медузата Горгона со лице на жена и со змии на главата наместо коса која имала способност со поглед да ги скамени луѓето. Во дворот пак се наоѓало второто по големина хеленистичко пророчиште, идентично со светилиштето во Делфи. Тука најчести посетители биле царевите Октавијан Август, Трајан, како и Александар Велики. Јужно од храмот се наоѓа делумно сочуван
стадион каде во чест на богот Аполон се организирале натпревари во атлетика и уметност. Потоа заминуваме кон древниот град Милет, родното место на многу филозофи, меѓу кои и на старогрчкиот математичар Талес кој го открил соѕвездието „Мала мечка“. Со ова откритие значително им го олеснил патот на морепловците и прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пред новата ера), со што ја стекнал славата на еден од седумтемина мудреци на Антиката. Денеска во Милет можат да се видат рушевините од огромниот амфитеатар кој можел да прими повеќе од 15.000 посетители. Враќање во хотелот во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

Ден 4

30.04.2025 (среда)     Кушадаси-Островот Самос
Појадок. Заминуваме на целодневен организиран излет на грчкиот остров Самос. Островот се наоѓа во источниот дел на Егејското Море и карактеристичен е по изобилството зеленило и различните нијанси на плавата боја на морето. Според митологијата, тука е родена грчката божица Хера па многуте храмови кои туристите ги посетуваат и` се посветени нејзе. Едно од најатрактивните места на островот е градот Питагорион кој го добил името по грчкиот филозоф и математичар Питагора, роден токму на овој острoв. Питагорината теорема е како химна на Самос и главна атракција за туристите е всушност фотографирањето пред Споменикот кој симболично го прикажува Питагора и неговата теорема. Освен тоа, местото има посебен шарм-куќичките се ниски со црвени кровови, кратки улици и мноштво рибарски и туристички бродчиња. Во попладневните часови враќање со брод во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

Ден 5

01.05.2025 (четврток)     Кушадаси-Чешме-Алачати-Измир-Скопје
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и патуваме со автобус и со локален туристички водич кон Чешме и Алачати. Чешме е мало, живо туристичко место за своја атракција го има Џеновскиот замок изграден во 1508 година од отоманскиот султан Бајазит II. Кога ќе се искачиме горе на замокот, или на тврдината како што уште ја нарекуваат неговите жители, ќе имаме прекрасна глетка на целото место. Приказите во тврдината се фокусираат на клучната поморска конфронтација и битката кај Чешме, што се случила за време на Руско-турската војна и завршила со пораз на отоманската флота. Поновата историја на Чешме ќе ја запознаеме со прошетките покрај атрактивното пристаниште каде ќе имаме можност да се восхитуваме на елегантните јахти. Од таму заминуваме на организиран разглед на шармантното гратче Алачати со специфична архитектура надополнета со камени куќи, тесни улички опкружени со традиционални дуќанчиња и ресторани и изобилство
цвеќиња кои само го надополнуваат овој колорит. Најубавите фотографии ќе ги направиме во паркот на античките ветерници реставрирани во 2007-ма година кои се изградени за да се искористи силата на ветерот кој постојано дува. Всушност, токму ветерот е причината ова место да стане привлечно за љубителите на водените спортови и палаглајдерите. Слободно време за уживање во монденското место кое е најмногу посетувано од уметниците, боемите, хедонистите, познавачите на доброто вино и храна... Во вечерните часови се упатуваме кон аеродромот во Измир. Полетување од Измир во 01.55 часот, пристигнување во Скопје на 02.05.2025 во 02.20 часот.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1