Танзанија
Занзибар
Стоун Таун
Март
Датум | Сместување | Услуга | Тип на соба | Цена за | Цена |
---|---|---|---|---|---|
22.03.2025 - 30.03.2025 | Хотел 4* | 8 полупансиони | Двокреветна | возрасен |
Aвионски лет: Turkish Airlines (Скопје-Истанбул-Занзибар-Истанбул-Скопје)
Поаѓање: 21.03.2024 во 08:35ч. (Скопје)
Пристигнување: 22.03.2024 во 03:25ч (Занзибар)
Сместување: Хотел 4* на плажа во Занзибар
Услуга: 8 полупансиони (појадок и вечера)
Друго вклучено Трансфери + вклучена екскурзија + претставник од Македонија
Враќање Скопје 30.03.2024 во 19:30ч
Занзибар - Шест степени јужно од екваторот, во близина на источниот брег на Африка, се наоѓа скапоцениот камен на Индискиот Океан, островот Занзибар. Архипелаг со турбулентно минато и богата историја, култура и традиција, познат по белите, песочни плажи, егзотичните јадења и гостопримливите луѓе. Во шумите на Занзибар живеат ретки растителни и животински видови, додека во селата може да се слушнат приказни за животот и тајните на локалното население. Островот изобилува со километарски плажи од најубавиот бел песок и тиркизно-сино море, кои, сите заедно, прават вистински егзотичен рај. Заборавете што сте слушнале или мислевте дека знаете за Занзибар и дозволете си да го искусите овој остров со сите ваши сетила. Откријте свет во кој Хакуна Матата (преведено од свахили: „без грижи“) е единственото животно мото, затоа прекинете ја секојдневната рутина и доживејте незаборавно искуство.
Во цената е вклучено:
Авионски превоз Скопје – Истанбул – Занзибар – Истанбул – Скопје.
Чекиран багаж од 2 куфери до 23кг, рачен багаж 8кг.
Сместување во хотел со 4* Ahg Waridi Beach Resort & Spa
8 полупансиони (појадок и вечера)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
Вклучена посета и разглед на Stone Town.
Во цената не е вклучено:
Патничко здравствено осигурување.
Дополнителни оброци и пијалоци.
Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
Еко такса за Занзибар која изнесува: 5$ дневно по лице.
Задолжително осигурување кое се вади онлајн на https://visitzanzibar.go.tz/ и истото изнесува $44.
Користење на содржини во хотелот кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
Факултативни посети, излети и влезници
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
( 21.03.2025 Петок ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЗАНЗИБАР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:30 часот. Лет за Занзибар со конекција преку Истанбул во 08:35 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 12:15 часот по локално време. Ноќен лет за Занзибар, поаѓање во 19:55 часот
( 22.03.2025 - САБОТА ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слетување во Занзибар наутро во 03:25. По завршување на пасошко, царинските формалности, трансфер околу 1 час до нашиот хотел. Влез во соби според хотелски правила. Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите плажи. Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечера. Ноќевање.
( 23.03.2025 – НЕДЕЛА ) ЗАНЗИБАР (СТОУН ТАУН)
Појадок. По појадокот се упатуваме на организиран разглед на СТОУН ТАУН. За да се истражи фантастичната историја на овој магичен град, се потребни околу 2 и пол часа. Како космополитски архипелаг, Занзибар, а особено неговиот главен град, Стоун Таун има широк културен мозаик комбиниран со африкански традиции. Овој културен микс е главно резултат на огромниот број на трговци кои се задржале во пристаништето на Занзибар низ историјата, за време на нивните трговски патишта, а тоа се Индијци, Кинези, Омански Арапи, , Португалци, Египќани, Холанѓани и Британци и др. Арапското влијание е преовладувачко во урбанистичкиот дизајн и архитектура на Стоун Таун, каде најимпресивните и највредните резиденцијални структури во градот се големите арапски куќи со централен двор (Патио) кои потекнуваат од 19-тиот век. Во историскиот центар на Стоун Таун, може да се најдат повеќе од 49 џамии, 2 христијански цркви и 4 хиндуистички храмови, што го докажува карактеристичниот културен микс на градот. Ќе ги посетиме разни историските згради, како што се Старото португалско утврдување, Куќата на чудата (која во моментов се реновира), поранешниот 13-ти султански палат, Римокатоличката катедрала и многу други згради кои ја отсликуваат разновидноста на културното влијание кое влијаело врз формирањето на овај величествен град. Враќање во хотел. Слободно време за уживање на обалата на Индискиот океан. Вечера. Ноќевање
( 24.03.2025 – ПОНЕДЕЛНИК ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраат:
( 25.03.2025 – ВТОРНИК ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраа
( 26.03.2025 – СРЕДА ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраат.
( 27.03.2025 – ЧЕТВРТОК ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраат.
( 28.03.2025 – ПЕТОК ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраат.
( 29.03.2025 – САБОТА ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраат.
( 30.03.2025 - НЕДЕЛА ) ЗАНЗИБАР – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите. Трансфер од хотел до аеродром за лет према Истанбул во 05:35. Слетување во Истанбул во 13:40. Лет од Истанбул за Скопје во 18:55 и пристигнување во Скопје во 19:30 часот.
ТА Турист 2024