string(3) "170"
string(0) ""

Кипар

Кипар

Држава

Кипар

Регион

Кипар

Град

Ларнака

Категорија

Мај

ДатумСместувањеУслугаТип на собаЦена заЦена
23.05.2025 - 27.05.2025 CORFU 4* 4 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен
23.05.2025 - 27.05.2025 ПРОМО ЦЕНА ДО 28.02.2025 4 ноќевања со појадок Двокреветна возрасен

1

Кипар е живописен остров во Средоземното Море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи. Оваа област вешто ги комбинира урнатините на античките грчки храмови, остатоци од населби кои датираат од камено време, величествени византиски, па дури и готски катедрали. Ние сакаме во неколку дена на да пробаме да ви пги преставиме  иконски места на островот. Кипар е најголемиот од трите големи медитеранските острови. Со површина од 9250 квадратни. км. Сепак, не треба многу за да го преминете нагоре и надолу и се погледнат сите атракции. Со автомобил или бус од север кон југ, е да се помине во најширока точка 96 километри, а од исток кон запад повеќе – 224 km. Релјефот на островот Кипар е различен: песочни плажи и карпести гребени, долини и ридови, борови шуми и планински масиви.

2

3

Во цената се вклучено:
Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 8кг)
4 ноќевања со појадок во  хотел CORFU 4* (плажа, базени) во Агиа Напа  https://www.corfuhotel.com.cy/
Организиран трансфер од/до аеродром Ларнака
Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:
Организиран трансфер (Битола -Солун – Битола) 40 Еур
Екскурзија Тродос и Омодос 60 Еур
Екскурзија Лефкара- Никозија 55 Еур
Ексурзија Фамагуста – Керинија 60 Еур
Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– на барање
Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите
Доплата трансфер други градови 10 Еур (Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци)
Паркинг аеродром Солун (40 Еур/ кола /5 дена)
Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

4

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Важат општите услови на ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
https://turist.com.mk/opsti_uslovi.php

5

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

6

Ден 1

23.05.2025 (Петок) - Солун-Ларнака
Состанок на групата со организиран превоз (опционално) на Спортска сала Битола во 15:00 часот. Патување за Солун преку граничен премин Меџитлија. Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 21:30 часот (грчко време) и чекирање на лет Wizzair. Полетување за Ларнака во 23:30 часот (грчко време). Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 01:30 часот.  Трансфер и сместување во хотел во Агиа Напа. Ноќевање.

Ден 2

24.05.2025 (Сабота) - Агиа Напа-Планината Тродос-Омодос 
Појадок. Целодневна екскурзија (опционално 60 eur) на планината Тродос и селото Омодос. Екскурзија во планинскиот дел на Кипар, каде ќе ја посетиме византиската црква Св.Никола која е под заштита на Светско наследство на Унеско, Манастирот Кикос, традиционалното село Омодос, ќе посетиме локална винарија, и ќе имаме можност да ги вкусиме кипарските вина. Омодос е едно од најтрадиционалните и најшармантните села на островот. Селото постои од периодот на Франките и е означено како „Хомодос“ и „Хомоклос“ на старите карти, а неговото име потекнува од грчкиот збор за улица – „одос“. Познат по виното, позитивната енергија, рачно изработените тесно плетени врвки и лебот „аркатена“, неговата чудна околина е совршена за агротуризам. И покрај неговата скромна големина, Омодос има многу интересни глетки. Сместени во непосредна близина еден до друг се калдрманиот плоштад, старите камени куќи, локалните винарии, средновековната преса за вино и манастирот Тимиос Ставрос (Светиот крст), со старите икони и импресивни резби. Ќе видиме  и музеј посветен на НОБ, како и центар за зачувување на тесно плетените врвки и Музеј на икони. Враќање во Агиа Напа попладнето. Слободно време. Ноќевање.

Ден 3

25.05.2025 (Недела) - Лефкара-Никозија  
Појадок. По појадокот организирано  (опционално 60 eur) заминување и посета на главниот град на Кипар – Никозија. Град поделен на два дела и две временски зони, граница и пасошка контрола. Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е посебно искуство. Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia, исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа и тесни улички. Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција на предмети од преку 9000 годишна историја на островот. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на  Архиепископот  Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката, како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост на Кипарската православна цркава. Ќе го посетиме Бујук Хан, како и традиционалното село Лефкара. Слободно време за ручек. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел.  Враќање во хотел во Агиа Напа. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање.

Ден 4

26.05.2025 (Понеделник) - Северот на Кипар-Фамагуста-Керинија 
Појадок. Организирана  екскурзија (опционално 60 eur)  на Фамагуста и Керинија. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чекпоинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини  за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделените кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста.Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица  на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Ќе ја посетиме Готската црква Св.Никола и Керинија каде ќе имаме можност да го посетиме замокот во Керинија. Киренија е живописно пристаниште, и е најпопуларната туристичка дестинација во Северен Кипар. Венецијански пристанишен град кој е опкружен од прекрасните пошумени ридови на планините Бешпармак. Ќе го посетиме и прекрасното село Белапаис и неговата прекрасна опатија која се  наоѓа на природна тераса во пошумените планини Пет прсти (Peristeri -од каде доаѓа името и на нашиот Пелистер) што се издигнуваат јужно од Киренија. Селото  зрачи со спокојство, се наоѓа чекор назад во времето, и го заменува  метежот и вревата на модерното време, со мир и спокојство за оние кои  живеат  или престојуваат помеѓу неговите тивки патеки и варосани куќи. Навистина, името Bellapais доаѓа од францускиот „belle paix“, што се преведува како „убав мир“. Враќање во Агиа Напа. Слободна вечер. Ноќевање.

Ден 5

27.05.2025 (Вторник) - Ларнака- Солун-Македонија 
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација во хотелот и блиската плажа. Одјавување од хотел во 12:00 часот но можност да се користат базенот и удобствата на хотелот се до заминување попладнето. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 17:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака  во  20:15  часот Пристигнување во Солун во 22:25 часот.  Заминување за Македонија за групата со организиран превоз и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img
img

Локација

Детали за резервација

Датум од - Датум до

Објект
Немате избрано објект.

Соба
Немате избрано соба.

Цена на соба

0.0 мкд

Доплати
Цена на доплати

0.0 мкд

Факултативи
Цена на факултативи

0.0 мкд

Вкупно

0.0 мкд

Патуваме заедно со Вас од 1994 година.

Резервација
Цена на соба

Цена на доплати

Цена на Факултативи

Вкупна цена

Патници

Возрасни
1